Орбан ќе оди во Москва по руски гас, унгарската опозиција бара да не се разгорува ситуацијата во Украина

-

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за 1 февруари ја закажа официјалната посета на Москва, каде што планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Причина за посетата на Русија е барањето на Унгарија за дополнителни количества на природен гас.

Орбан во денешното интервју за унгарските медиуми рече дека на самитот меѓу Унгарија и Русија ќе побара да се зголеми испораката на природен гас, иако двете земји во септември минатата година веќе потпишаа 15-годишен договор со определени количества на гас што ќе ги добива Унгарија.

Веднаш по потпишувањето на минатогодишниот договор, Украина жестоко реагираше на ваквиот потег на Будимпешта и Москва, поради тоа што испораката ќе се врши по алтернативни правци преку Австрија и Србија и нема да се користи досегашниот гасовод што минува низ Украина. Официјален Киев тогаш побара и од Европската Комисија да утврди дали ваквиот договор меѓу Унгарија и Русија ја почитува енергетската регулатива на ЕУ, пренесе Јуроњуз.

Орбан, пак, во денешното интервју вели дека Унгарија е суверена земја и владата „ги приоретизира националните интереси во меѓународните односи“.

Веднаш по најавата за посета на Москва, здружената унгарска опозиција испрати заедничка изјава, со која што го повикува Виктор Орбан да се откаже од одењето во Русија и средбата со Владимир Путин поради украинскиот конфликт.

„Посетата на Виктор Орбан – фактот дека тој не се откажува од своето патување и покрај ситуацијата, испраќа порака дека земјите – членки на НАТО и ЕУ не се обединети во отфрлањето на предлозите на Путин“, се наведува во писмото на унгарската опозиција што го пренесува Hungary Today.

Опозицијата тврди дека посетата на Орбан ќе го охрабри рускиот претседател да ги ескалира тензиите во Украина. Инаку, Украина е земја што на запад се граничи со Унгарија, заедно со Полска, Словачка и Молдавија. Виктор Орбан пак на 3 април го очекуваат парламентарни избори во Унгарија, при што анкетите во изминативе месеци покажуваат спротивставени резултати за тоа кој политички блок би победил и би ја формирал идната унгарска влада.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...