fbpx

Владата со оглас за поддршка на над 7.500 домаќинства во плаќањето на сметките за струја

-

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас за финансиска поддршка на домаќинствата со ниски примања во плаќањето на сметките за електрична енергија. За оваа мерка од државниот буџет за годинава се обезбедени 60 милиони денари, а целта е да се заштитат ранливите потрошувачи на енергија. Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добијат месечна поддршка од државата во висина од 600 до 800 денари во период од 12 месеци, со која што ќе им се помогне во исплатата на сметките за струја.

Притоа, услов за добивање на поддршката е висината на редовните месечни примања во домаќинството, при што самците треба да имаат нето приходи до 15.194 денари, домаќинствата со два члена до 18.000 денари, домаќинствата со три члена до 21.000 денари, домаќинствата со четири члена до 25.000 денари и домаќинствата со пет или повеќе члена во семејството кои остваруваат нето приходи до 30.000 денари.

Доделувањето на финансиската поддршка ќе го врши Министерството за економија  преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата со примена на принципот  на најниски примања во домаќинство во 2021 година за секоја од категориите наведени во овој оглас, но до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.

Токму поради ова, заинтересираните лица ќе треба да испратат барање за искористување на финансиската поддршка, кое може да се обезбеди на интернет страната на Министерството за економија или да се подигне во архивата на ова министерство.

Покрај барањето, граѓаните ќе треба да достават изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна, како и потврда од работодавецот за висината на исплатена плата во 2021 година или извештај од банка за уплатени пензиски примања од Фонд за ПИОМ (чек за пензиски примања) за висината на исплатената пензија во 2021 година и извод од банка за сите трансакциски сметки за 2021 година за подносителот и на членовите на домаќинството.

Воедно, треба да се поднесе и потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со која се докажува дека членовите на домаќинството не се вработени, доколку истите не се вработени и/или потврда од Фонд за ПИОМ дека членот на домаќинството не е примател на пензија, доказ за членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството) и фотокопија од последната добиена сметка за 2021 година за потрошена електрична енергија во домаќинството.

Лицата со ниски примања кои живеат сами доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна.

Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите по пошта треба да го достават во затворен плик до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15, 1000 Скопје, со назнака – јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, име и презиме и адреса на барателот и задолжително назнака за број на членови на домаќинството.

Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...