fbpx

Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапа за 9,5 отсто, дневната евтина тарифа се укинува

-

Од 1 јануари 2022 година, цената на струјата за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, односно струјата за домаќинствата се зголемува за 9,48 отсто, а ќе се укине дневната евтина тарифа, која досега важеше за периодот од 14 до 16 часот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Дневната евтина тарифа се укинува поради енергетската криза, а доколку таа останеше, цената на струјата ќе се зголемеше за плус 5 проценти, порача РКЕ.

Ноќната евтина тарифа – од 22 до 7 часот секој ден, и во недела цел ден – односно од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник – остануваат на сила.

„Енергетските компании побараа зголемување од скоро 38 отсто, РКЕ одобри 9,48%. Регулаторната комисија за енергетика за прв пат поради вонредната кризна состојба во енергетиката активираше механизми со кои кај МЕПСО РКЕ одби трошоци во износ од 1,3 милијарда денари (20 милиони евра). Kaj Електродистрибуција скратени се 5 милијарди денари (80 милиони евра), вели Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ.

Тој ги повика и државните институции да преземат мерки за штедење на струја.

„Во време кога цела Европа е во енергетска криза и цените на светските берзи уриваат рекорди, освен дел од приватните компании кои покажаа општествена одговорност и ја оптимизираа потрошувачката, ги повикувам и државните институции веднаш да направат план и програма за ефикасна употреба на енергијата, односно да применат мерки за заштеда во институциите. Заштеда од барем неколку проценти на енергија на ниво на држава во услови кога цената на електрична енергија на берзите достигнува и до 600 евра за MWh е најмалата работа што може да се направи“, порача Бислимоски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...