ЕСМ утре го презема управувањето со парното од БЕГ и Скопје Север

-

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) од утре го презема управувањето со топлинска енергија во Скопје. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека денеска попладне ЕСМ ќе го достави на владина седница предлог-договорот за соработка со БЕГ и треба да биде склучен договорот, за од утре државната компанија да го преземе управувањето со БЕГ, но и со АД Скопје Север.

„Од утре, ЕСМ ќе управува со БЕГ снабдување, БЕГ дистрибуција и БЕГ производство со цел граѓаните на град Скопје во континуитет и сигурно да бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона“, изјави министерот Бектеши.

Тој повтори дека граѓаните ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ, но и дека нема да има намалување на температурата на загревање во внатрешните простории на потрошувачите. Воедно, владата по потреба ќе вбризгува дополнителни финансиски средства за да се обезбеди природен гас како енергент од којшто се произведува топлинската енергија.

Потрошувачите од јануари добиваат за 14 отсто повисоки сметки за топлинска енергија на месечно ниво, откако цените на природниот гас во изминативе месеци достигнаа енормно зголемување на европските берзи. БЕГ преку соопштение се огласи дека од 15 јануари нема да може да врши снабдување со топлинска енергија до корисниците, поради тоа што немаат можност да ги покријат финансиските средства за набавка на гас без државна помош.

Владата на РСМ се одлучи по ова да усвои Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија, но и да потпише договор со ТЕ-ТО за набавка на дополнителни количини електрична енергија од когенеративната електрана во Скопје, со што ќе се обезбеди и топлинска енергија за корисниците на парното греење.

Инаку, АД ЕСМ управува со години наназад со парното греење што го обезбедува на територијата на скопската општина Гази Баба, а на која се приклучени над 3.800 корисници. До крајот на грејната сезона, државната компанија ќе управува и со дистрибутивната мрежа на БЕГ на која се приклучени над 55.000 потрошувачи, како и на АД Скопје Север која има околу 500 корисници.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...