fbpx

Владата одлучи ЕСМ да откупува струја од ТЕ-ТО, ќе има и засилено парно греење во Скопје

-

Когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје ќе произведува енергија со максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати, а државната компанија АД ЕСМ ќе ја откупува дополнително произведената количина електрична енергија. На овој начин, дополнителните количини на набавена струја ќе овозможат обезбедување и на производство на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија, односно за БЕГ, којшто снабдува најголем дел од граѓаните на Скопје со парно греење.

Со ваквата денешна одлука на владината седница се обезбедуваат дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, но од владата се надеваат и дека ќе се реши проблемот со парното греење во Скопје. Одлуката стапува на сила денеска и ќе важи до 31 јануари годинава.

„Цената по која АД ЕСМ може да ја преземе дополнително произведената електрична енергија од производителот АД ТЕ-ТО не треба да биде повисока од 170 евра по мегават час и е производна цена на електрична енергија од комбинирана постројка за производство на електрична и топлинска енергија од природен гас, со вкалкулирана продажна цена на природен гас во РСМ за месец јануари 2022 година“, изјави попладнево министерот за економија Крешник Бектеши.

Со обезбедувањето на дополнителните количини на струја ќе се овозможи АД ТЕ-ТО да работи седум дена во неделата во периодот од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ со полна моќност.

Според техничките карактеристики на овој енергетски капацитет, кога работи со когенеративен режим, ефикасноста на електраната се искачува над 75 отсто, при што заедно со струјата се произведува топлинска енергија која што се предава на дистрибутивниот топловоден систем во Скопје, односно за парно греење. Спротивно на ова, кога работи во кондензиран режим, енергетската ефикасност е над 50 отсто, но тогаш произведува само електрична енергија.

Средногодишниот капацитет на постројката ТЕ-ТО е 220 мегавати за производство на електрична енергија и 160 мегавати за производство на топлина.

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy course
download huawei firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download