fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

Порталб анализа: Се намалува бројот на невработени, ама се намалува и бројот на активно население

Само за три месеци бројот на работоспособното население во земјава е намален за 1.300 лица, а на активното население за повеќе од 2.000. Овие параметри се основа за пресметување на вработеноста и невработеноста, пишува Порталб.мк. Бројките на Агенцијата за вработување пак покажаа дека во октомври за прв пат годинава има пораст на бројот на невработени. Невработени -  44,2% се етнички Македонци,...

Бектеши тврди дека цените по маркетите ќе опаднат штом се потрошат залихите, билетите и понатаму по иста цена

Производителите на храна добија поевтина струја од 1 декември од Владата, додека автобуските превозници возат со нафтени деривати кои се поевтини и до 40 денари од литар во споредба со летниот период, кога ги поскапеа меѓуградските и меѓународните билети за патување. И покрај брзата реакција за зголемување на цените од компаниите, кои доведоа инфлацијата во земјава да се искачи...

ДЗС: Стапката на невработеност во земјава се намали на 14,3 отсто

Стапката на невработеност продолжи да се намалува од почетокот на годинава, и покрај фактот што Македонија се наоѓа во економско-енергетска криза. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година имало 115.266 лица што биле невработени, односно стапката на невработеност изнесувала 14,3 отсто. Статистичките податоци покажуваат дека активното население во Република Северна Македонија изнесува 808.328 лица,...

Инфлацијата се искачи на загрижувачки 19,5 отсто на годишно ниво

Трошоците за живот во ноември 2022 година се искачиле за дури 19,5 отсто во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Покрај загрижувачката инфлација, индексот на цените на мало во ноември годинава исто така бележи зголемување од 15,2 отсто. Во временски период од една година, најзагрижувачко е поскапувањето на храната и безалкохолните пијалоци, кои во...

Воз за Белград ќе нема и догодина, за Солун и Истанбул се чека согласност од Грчките железници

Железници на РСМ-Транспорт го подготви новиот возен ред за 2023 година, кој стапува на сила на 11 декември годинава. Експресниот воз за Белград нема да сообраќа и наредната година, додека за пуштање во сообраќај на најавениот воз од Скопје за Солун и Истанбул се чека на согласноста на Грчките железници. „Со новиот возен ред не е предвиден сообраќај на меѓународниот...

Бројот на умрени летово намален за над 2.000 лица во споредба со лани [инфографик]

Значително намалување на бројот на починати лица во Македонија е забележано во третиот квартал од 2022 година. Од јули до септември, во земјава умреле 5.145 лица, што е за дури 2.088 лица помалку во споредба со третото тримесечје од 2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Притоа, треба да се забележи фактот дека опаѓањето на бројот на...

Индустриското производство во октомври опаднало за 5,3 отсто на годишно ниво

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на индустриското производство во октомври е 94,7 во однос на октомври 2021 година, односно бележи негативна разлика од 5,3 отсто. Најголем е падот во секторот Рударство и вадење на камен, при што за само една година, односно октомври 2021-октомври годинава, се бележи пад од 13,2 отсто. Во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од...

Додека дишеме чад, возењето на дизел урива рекорди во земјава [инфографик]

Почна "натпреварот" на Скопје и другите населени места низ земјава во рушењето на светските рекорди по загадување на воздухот. И додека податоците на сајтот „Iqair“ покажуваат дека Скопје е на светскиот врв според аерозагадувањето заедно со азиските градови како Њу Делхи, Ханој, Лахоре или Калкута и градовите од соседството како Сараево и Белград, најновите статистички податоци покажуваат дека Македонија руши...

Климатски промени: Бројот на врнежливи денови намален, количеството на врнежи лани зголемено [инфографик]

Долготрајни периоди без врнежи кои доведуваат до сушни периоди, по кои следуваат врнежливи денови со големо количество на воден талог што би можело да предизвика поплави или други штети. Вака накратко и поедноставено би можеле да се објаснат климатските промени во делот на врнежите со коишто се соочила земјава во минатата година. Најголем дел од Македонија во текот на 2021...

Инфлацијата во октомври 19,8 отсто, цените отишле нагоре кај повеќето производи и услуги

Инфлацијата продолжила да расте во земјава и во текот на октомври 2022 година, достигнувајќи 19,8 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Ова е најголем раст на индексот на трошоците на животот од почетокот на годинава, а истовремено индексот на цените на мало бележи зголемување од 15,4 отсто. Во однос на трошоците за живот, храната и безалкохолните пијалоци за период...

Македонските плати во август скокнале за 11,3 отсто, информатичарите со највисоки приходи

Програмерите со просечна нето-плата од 83.556 денари во август 2022 година остануваат со највисоки приходи од личен доход во земјава. Државниот завод за статистика денеска ги објави податоците за просечната исплатена нето-плата во земјава, која е зголемена за 11,3 отсто во август годинава споредено со идентичниот месец лани. Просечната нето-плата по вработен во земјава изнесувала 31.871 денар. Изразено во проценти,...

Ниту половина од даноците за животна средина не се инвестираат во нејзината заштита [инфографик]

Даноците за животна средина што се уплаќаат на државно конто се значително поголеми од инвестициите и трошоците за заштита на животна средина во земјава. И покрај тоа што македонското општество се соочува со бројни еколошки предизвици, магичниот круг на парите вели дека ниту половина од уплатените даноци за животна средина во Македонија не се инвестираат во заштита на животната...

Инвестициите во заштита на животната средина растат, но малку се вложува во заштита на почвата и шумите [инфографик]

Во државата лани се зголемиле инвестициите во заштита на животната средина, но издвоените средства се далеку од рекордните нивоа што биле постигнати во текот на 2018 година. Најголеми се трошоците за постапување со отпад, но затоа пак најмалку се инвестирало во заштита на почвата и шумите во 2021 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Вкупните трошоци...

Ланскиот попис откри 1.615 бракови на млади на возраст од 15 до 19 години во земјава

Дури 1.615 бракови на млади меѓу 15 и 19 години биле регистрирани во земјава на пописот што беше спроведен минатата година. Од вкупно 104.035 млади на возраст од 15 до 19 години, дури 1.355 девојчиња биле впишани како омажени, додека 260 момчиња од оваа возраст биле официјално стапени во брачна заедница, покажува најновиот сет на податоци од Државниот завод...

Да ги храниме економиите не депониите – банките за храна помагаат во борбата против гладта [фото]

Да ги храниме економиите, а не депониите. Ова е мотото на Банката за храна Македонија, која веќе 12 години неуморно се бори против фрлањето на храна како отпад во земјава и против гладот меѓу македонските граѓани. Со Душко Христов, основач и раководител на организацијата, разговаравме во нивните простории во Скопје во периодот кога се подготвуваа месечните пакети кои ги...

Годинава намален бројот на шумски пожари и за десетици пати намалена опожарената површина

По катастрофалните шумски пожари што ја зафатија лани земјава, годинава состојбата со превенирање на шумските пожари е драстично подобрена. Во првите шест месеци од 2022 година, во земјава се регистрирани 69 шумски пожари, при што опожарена била површина од 733,02 хектари, додека опожарената дрвна маса изнесувала 4.621 метри кубни, информираат за Мета.мк од ЈП Национални шуми. Во првото полугодие од...

Мнозинството возила возат на нафта, државата нема субвенции за уреди на плин, општините спијат [инфографик]

Министерството за економија годинава нема да додели субвенции за вградување на плински уреди во возилата, бидејќи со антикризните мерки Владата одлучи да ги пренамени средствата предвидени за оваа намена. Општините исто така не доделуваат средства на граѓаните за промена на погонското гориво на кое се движат старите возила, а статистичките податоци покажуваат дека расте бројот на возила кои се...

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години [инфографик]

По македонските патишта се вози крш од возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата кај регистрираните автомобили и...

ДЗС: Просечната нето-плата во јуни се зголеми за 10,9 отсто

Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во јуни годинава просечната нето-плата по вработен достигна 31.869 денари, што е за 3.125 денари повеќе од лани истиот месец, информираат од ДЗС. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 10,9 отсто во јуни годинава, се должи првенствено на растот на платите во секторите:...

ЕУ знае колкави ѝ се емисиите на стакленички гасови за лани, Македонија има најнови податоци за 2019 година

Во Европската Унија на квартално ниво редовно се објавуваат податоците за емисиите на стакленички гасови, кои предизвикуваат влијателни дебати меѓу државните раководства, невладините организации и граѓаните за создавање на нови, поцврсти и навремени мерки за намалување на влијанието на климатските промени. Во Македонија, последните податоци за емисиите на стакленички гасови на национално ниво се објавени за 2019 година, а...

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...