fbpx

ДЗС: Стапката на невработеност во земјава се намали на 14,3 отсто

-

Стапката на невработеност продолжи да се намалува од почетокот на годинава, и покрај фактот што Македонија се наоѓа во економско-енергетска криза. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година имало 115.266 лица што биле невработени, односно стапката на невработеност изнесувала 14,3 отсто.

Статистичките податоци покажуваат дека активното население во Република Северна Македонија изнесува 808.328 лица, од кои вработени се 693.062. Стапката на активност во овој период е 55,2 отсто, а стапката на вработеност е 47,3 отсто.

И покрај тоа што се намалува бројот на активно население во земјава, податоците потврдуваат дека расте бројот на вработени лица од почетокот на годинава, а заедно со него, бројката на невработени е намалена за 4.200 лица.

Највисока стапка на невработеност и во третиот квартал од годинава имало кај младите на возраст од 15 до 24 години, кај кои процентот на невработеност изнесувал 32,6 отсто. Наспроти нив, кај постарите лица меѓу 50 и 64 години стапката на невработеност изнесувала 10,7 отсто.

Меѓу невработените лица, најголем дел од нив се со завршено средно или понизок степен на образование, додека како лица без работа со високо образование се водат 19.642 македонски граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...
Free Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
download udemy paid course for free
download samsung firmware
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free