fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Со Трамп за претседател, САД и Сирија може да бидат природни сојузници, смета Асад

Сирискиот претседател Баша ал Асад синоќа изјави дека Дамаск мора „да причека и да види“ дали новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе ја смени политиката на Вашингтон кон Сирија, но оти е подготвен да соработува со него во борбата против исламистите. Во своите први коментари по победата на Трамп, Асад рече дека републиканскиот лидер дал ветувачки изјави за потребата за...

Трамп ги избра првите соработници и повика да се смират расистичките напади

Новоизбраниот претседател на САД, Доналад Трамп, го наименува претседавачот на Републиканската партија, Рајнс Прибус, за шеф на кабинетот во Белата куќа, а конзервативниот медиумски менаџер Стивен Бенон за свој главен советник. Прибус е вашингтонски ветеран со широки врски во Републиканската партија, особено со претседавачот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан. Ниту Прибус, ниту Бенон имаат поголемо искуство во извршната власт. Трамп...

Пукање на протестите во Портланд, едно лице повредено

Едно лице е рането денеска за време на протестите во Портланд против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека лицето е застрелано на мостот Морисон, по кој марширале демонстрантите. „Сите веднаш мора да го напуштат тоа подрачје“, порача полицијата на „Твитер“ и ги повика сведоците да се јават. Како што јавуваат американските медиуми, за пукањето е осомничен Афроамериканец,...

Трамп го назначи Пенс за шеф за транзиција

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именуваше за шеф за транзиција на администрацијата својот кандидат за потпретседател Мајк Пенс, познат по добрите врски во Вашингтон. Досега оваа функција ја извршуваше гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи. Повикувајќи се на неколку извори блиски со тимот за транзиција на Трамп, „Њујорк тајмс“ наведува дека новоизбраниот претседател рекол оти сака да ги искористи...

Трамп: Мали групи демонстранти страсно демонстрираат

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, по повод демонстрациите против неговиот избор во САД, денеска на својот твитер-профил напиша дека му се допаѓа фактот што мали групи демонстранти покажуваат толку страст за сопствената земја. „Го обожавам фактот што мали групи демонстранти имаат толку страст за сопствената земја. Заедно ќе победиме и ќе бидеме горди“, напиша Трамп. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/797034721075228672 Тој и претходно се огласуваше на оваа социјална...

Насилни протести во Портланд против изборот на Трамп за претседател

Втора ноќ по ред продолжија протестите во повеќе градови во САД против изборот на Доналд Трамп за нов претседател на државата. Во градот Портланд, во сојузната држава Орегон, протестите прераснаа во насилства, пренесува „Би-би-си“. Неколку илјади демонстранти ноќеска ги преплавиле улиците во западниот дел на Портланд, а биле искршени излози и прозорци од продавници и возила, поради што полицијата ги...

Обама и Трамп денешната средба ја оценија како одлична и најавија нови

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, вечерва во Белата куќа се сретна со претседателот во заминување, Барак Обама, на состанок кој траеше многу подолго од предвиденото, јавуваат светските агенции. Трамп по состанокот изјави дека е почестен што се сретнал со претседателот Обама, за кого рече дека е многу добар човек и дека многу го почитува. Во Овалната соба во Белата куќа,...

Трамп пристигна во Вашингтон на средба со Обама

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска допатува во Вашингтон каде ќе има средба со претседателот во заминување, Барак Обама, во Белата куќа. Трамп попладнево слетал на аеродромот „Роналд Реган“ во округот Арлигтон во Вирџинија, а неговата посета, која е на покана на Обама, е дел од транзициониот период за примопредавање на власта меѓу демократите и републиканците. Средба со својот наследник...

Плевнелиев и Борисов побараа од Трамп да ги укине визите за Бугарите

Во своите честитки до новоизбраниот претседател на САД, и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов побараа од Доналд Трамп за време на својот мандат да ги укине визите за граѓаните на Бугарија. Премиерот Борисов официјално му ја честиташе победата на Трамп и му посака нему и на американскиот народ здравје и благосостојба, соопштија од прес-службата на кабинетот на...

Пазарната вредност на обврзниците е намалена за 337 милијарди долари по победата на Тамп

Вкупната пазарна вредност на обврзниците во светот е намалена за 337 милијарди долари за само еден ден, поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Оваа победа ја зголеми загриженоста на инвеститорите дека неговиот план за поттикнување на економски пораст ќе доведе до зголемување на инфлацијата, јавува „Блумберг“. И американската банка „Бенк оф Америка Мерил Линч“ потврди дека се намали пазарната вредност на...

По победата на Трамп, шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ свикаа состанок в недела

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе одржат вонреден состанок на 13 ноември, в недела, во Брисел, за да ја проценат ситуацијата по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Шефовите на европските дипломатии ќе се состанат на „неформален“ вонреден состанок за да дискутираат за понатамошните односи меѓу ЕУ и САД. Во соопштението од германското министерство за надворешни работи...

Велешаните со пропагандните веб-страници за Трамп не веруваат дека влијаеле на изборите

Младите велешани кои беа сопственици на стотината веб-страници што пропагираа во корист на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, велат дека не сметаат дека нивните „портали“ имале какво било влијание на крајниот исход од претседателските избори. Дел од нивните пропагандистичките веб-страници или не постојат или неколку месеци ништо не објавуваат. - Немам никаков коментар за победата на Доналд Трамп на...

Протести во повеќе градови во САД поради победата на Доналд Трамп

Mасовни протести во повеќе американски градови имаше синоќа по изборната победа на Доналд Трамп. Демонстранти излегоа на улиците на Њујорк, Филаделфија, Чикаго, Бостон, Сиетл, Портланд, Сан Франциско и на Вашингтон, извикувајќи „Не е мојот претседател“ - фраза, која стана популарен хаштаг и на „Твитер“. Илјадници луѓе излегоа на Шестата авенија во Њујорк, на која се наоѓа кулата „Трамп“, каде е бизнис-империјата...

Хилари Клинтон: Резултатите беа болни за мене, но му посакувам успех на Трамп

Демократската кандидатка за американски преседател, Хилари Клинтон, денеска изрази надеж дека нејзиниот противкандидат во изборната трка, републиканецот Доналд Трамп, ќе биде успешен претседател на сите Американци. Во својата прва изјава по изборниот пораз, Клинтон изјави дека резултатите од изборите биле болни за неа и дека е разочарана, но му посака успех на Трамп и нагласи дека му понудила соработка. – Синоќа му...

Во чест на победата на Трамп, Милошоски ја „преименува“ ВМРО-ДПМНЕ!

Владејачката партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзините симпатизери во земјава по политичка и по друга линија, нескриено го поддржуваа Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во САД. Задоволството и радоста од победата може да се видат во денешните изјави, во предвидувањата како тоа ќе се одрази на односите со Македонија, но и на изборите во земјава. Една од поинтересните и...

Иванов до Трамп: Потребна е интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му честиташе на Доналд Трамп за изборот за претседател на Соединетите Американски Држави. „Дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за претседател на Соединетите Американски Држави, како и да Ви посакам успех во извршувањето на одговорната функција. Република Македонија...

Еди Рама му честиташе на Доналд Трамп

Албанскиот премиер Еди Рама му ја честиташе победата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Тој изјави дека денеска американскиот народ го направил својот избор, иако тоа не е Хилари Клинтон која е голем пријател на Албанија, Косово и на сите Албанци. - Нејзиниот ривал Доналд Трамп беше избран за претседател убедливо од Американците. Му честитам на победата и сум убеден...

Грција со поделени реакции околу победата на Трамп

Грчката влада сè уште нема објавено официјален став за изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател, но коалицискиот партнер Панос Каменос и голем број грчки политичари веќе излегоа со свои ставови, реакции и со честитки. Извори од грчката влада за телевизијата „Скај“ истакнале дека промената на власта не значи и промена на американските позиции кон Грција во однос на надворешната...

Ѓорчев очекува продлабочување на односите, Шекеринска разочарана од поразот на Клинтон

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, е разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, додека Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ очекува продлабочување на односите меѓу САД и Македонија, по завршувањето на изборите во двете земји. Ова се оцeнките на Шекеринска и на Ѓорчев по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Шекеринска, Ѓорчев и Артан Груби, шеф на...

Пад на берзите по победата на Трамп, поскапува само златото

Светските финансиски пазари веднаш и тоа негативно реагираа на веста за победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори. Берзите покажуваат драматичен пад, а се зголемува само цената на златото, што е вообичаена ракција на инвеститорите во време на неизвесност и на криза. Американскиот долар исто така изгуби од својата вредност, како и европските валути, меѓу кои и руска рубља. За време...

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...