fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Канадска веб-страницата за имиграција се сруши од многу посети по победата на Трамп

Канадската веб-страна за имиграција www.cic.gc.ca/website се урна од преголема посетеност од страна на Американците за време на одржувањето на претседателските избори, јавуваат светските медиуми. Американците се шегуваа дека ќе се преселат во Канада доколку победи Трамп, но таа нивна шега голем број од нив сериозно ја сфатија. Тие масовно почнале да ја посетуваат веб-страницата за имиграција откако за време на...

Трамп: Ќе бидам претседател на сите Американци

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, официјално e прогласен за 45. претседател на САД и во победничкиот говор порача дека ќе биде претседател на сите Американци, дека САД ќе биде најголемата економија во светот и дека тој ќе го оствари американскиот сон. Трамп рече дека поранешната државна секетарка и негова противкандидатка Хилари Клинтон му честитала на победата, а тој ѝ честитал на...

Доналд Трамп стана претседател на САД во неизвесна трка до самиот крај

Републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп, во неизвесна и непредвидлива трка до самиот крај, ја победи противкандидатката од Демократската партија, Хилари Клинтон, и стана 45. претседател на Соединетите Aмерикански Држави. Американскиот милијардер, според анализата на „Њујорк тајмс“, ги освои потребните 270 електорски гласови од сојузните држави Кентаки, Индијана, Западна Вирџинија, Оклахома, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Јужна Каролина, Северна Дакота, Јужна Дакота,...

Доналд Трамп на чекор да стане 45. претседател на САД

Републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп, во трка неизвесна до самиот крај, е на чекор до победата против кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, за претседател на Соединетите Американски Држави. Американскиот милијардер, според „Њујорк тајмс“, засега има освено 266 електорски гласови, а за победа потребни му се 270. Поранешната државна секретарка, Клинтон, пак, засега има ги освоено гласовите на 218 елекорати. Сè уште се...

Бејли: Постизборниот период е време на патриотизам

Исчекувајќи ги последните резултати од неизвесната трка за претседател на САД, во која засега води Доналд Трамп, во хотелот „Александар палас“ се обрати амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, кој рече дека избирањето претседател е сериозна работа која влијае на економијата, здравствениот, образовниот систем, емиграцијата и на надворешната политика. - Сите читавме дека ова беа највалканите и најнеизвесните избори...

Голема излезност на гласачите на претседателските избори во САД

На најголем дел од избирачките места во Соединетите Американски Држави забележана е голема излезност на гласачите, кои гласаат за нов претседател и избираат помеѓу републиканецот Доналд Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон, јавуваат светските медиуми. Кандидатот Доналд Трамп гласал со сопругата Меланија во Њујорк и на гласачкото место стигнал со големо обезбедување, точно во 11 часот по локално време. На прашањето за...

Изборен ден во САД, неизвесна изборна трка помеѓу Клинтон и Трамп

Околу 225 милиони Американци денеска на претседателски избори ќе избираат помеѓу републиканецот Доналд Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон. Медиумите пишуваат, повикувајќи се на анкетите, дека изборите се неизвесни како никогаш досега, а најновата анкета на „Блумберг“ покажува дека Клинтон е во водство за три проценти во однос на Трамп. Предизборната кампања ја одбележа беспоштедната борба на двајцата кандидати и постојаните...

Американците избираат претседател помеѓу Клинтон и Трамп

Претседателските избори во САД, на кои ќе гласаат 225 милиони Американци, ќе се одржат денеска, а трката ќе се води помеѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп. Ќе се гласа во еден еден круг во секоја од 50 американски сојузни држави и во градот Вашингтон. Повикувајќи се на спроведените анкети, медиумите оценуваат дека изборите никогаш досега не биле понеизвесни, а...

Клинтон: Ако победам, ќе ја обединам земјата

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, истакна дека ако биде избрана, таа ќе ја обедини земјата. - Работа ми е да ја обединам земјата – им рече Клинтон на новинарите додека влегуваше во авионот, заминувајќи на првиот од четирите митинзи на последниот ден на кампањата. Клинтон истакна дека навистина сака да биде „претседател за сите“ и за тие што ќе...

Клинтон и Трамп во трка по неопределените гласачи

Претседателските кандидати на САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон, посетија повеќе држави, во обид да придобијат гласачи пред изборите на 8 ноември. Трамп ги посети неопределените држави Пенсилванија, Северна Каролина и Флорида, односно третата најголема држава во САД, каде анкетите покажуваат изедначена трка. Тој денеска ќе води кампања на територија која традиционално е на Демократската партија, во знак оти не се...

Светски влијателниот „Базфид“ ја користи агенцијата „Мета“ како извор

Изминатата година, македонскиот град Велес со популација од 45.000 луѓе, доживеа дигитална златна треска кога негови жители отворија најмалку 140 веб-страници што ширеа пропаганда за републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, пишува американската веб-страница „Базфид“. „Базфид“ во својата опширна анализа ја цитира новинска агенција „Мета“ за текстот објавен во април, кога „Мета“ контактираше со петмина велешани, сопственици на веб-страници што пренесуваат пропагандистички вести во корист...

Трамп испрати покани за победничка забава

Забава во чест на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ќе се одржи во хотелот „Хилтон мидтаун“, а за прославата веќе се испратени покани. Од предизборниот штаб на кандидатот на САД од Републиканската партија, Доналд Трамп, се уверени во победата и веќе испратиле покани за победничка забава. Во поканите се наведува дека забавата ќе биде одржана во Њујорк, во...

Русија не се меша во изборите во САД, тврди Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „хистерични“ обвинувањата упатени кон Москва дека се обидува да влијае на изборите во САД, во корист на кандидатот на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. Ова Путин го истакнал пред поранешни светски лидери и експерти, за време на собирот во Сочи, организиран од клубот „Валдај“. Тој ги критикувал Соединетите Американски Држави дека ги...

Телекомуникацискиот гигант „Еј-ти енд ти“ го купува „Тајм Ворнер“ за 86 милијарди долари

Американскиот телекомуникациски гигант „Еј-ти енд ти“ (AT&T) објави дека ќе ја купи медиумската групација „Тајм Ворнер“ за сума од речиси 86 милијарди долари, јавуваат светските медиуми. Зделката, која е една од најголемите оваа година, сè уште чека одобрување од регулаторите, пренесува „Би-би-си“. Доколку преземењато помине, тоа ќе значи ставање под една капа на дистрибуциската мрежа на „Еј-ти енд ти“ со содржините од филмските...

Обама: Реториката на Трамп за гласањето е опасна

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека е опасно инсистирањето на републиканскиот кандидат Доналд Трамп дека можеби нема да ги прифати резултатите од претседателските избори. Обама на предизборниот собир на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, во Мајами, рече дека коментарите на Трамп ја поткопуваат американската демократија. Трамп предизвика контроверзии кога во телевизиската дебата со Клинтон одби да потврди дали ќе ги...

Клинтон и Трамп во жолчна расправа поради Русија

Кандидатите на претстојните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, се судрија во завршната дебата во кампањата околу Русија, откако Клинтон директно го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ги наредил хакерските напади за да му помогне на нејзиниот ривал од редовите на републиканците да победи. Расправата околу Русија била само дел од размената на тешки зборови за...

Наместо Клинтон или Трамп, секој четврти Американец би избрал Земјата да ја удри метеор

Младите Американци се толку се незадоволни од тоа што им се нуди на претседателските избори, што секој четврти повеќе би сакал Земјата да биде погодена од џиновски метеор отколку Доналд Трамп или Хилари Клинтон да влезат во Белата куќа. Анкетата меѓу младите американски гласачи ја спровел центарот за јавно мислење при Универзитетот „Масачусец“. Околу 53 отсто од 1.247 испитаници, на возраст...

Трамп: Карлос Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари да победи

Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, го обвини мексиканскиот милијардер Карлос Слим дека се обидува да ѝ помогне на неговата ривалка, Хилари Клинтон. Како што рече Трамп, Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари преку неговите врски со весникот „Њујорк тајмс“. Трамп вели дека Слим, мнозинскиот акционер во „Њујорк тајмс“, помага во обидите на тој весник да ѝ помогнат на Клинтон...

Две жени го обвинија Трамп за сексуално малтретирање

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, се соочува со нови обвиненија, овојпат за недолично однесување кон жени, за што за весникот „Њујорк тајмс“ сведочеа две жени. Скандалот доаѓа една недела откако во јавноста се појави снимка на која Трамп на вулгарен начин зборува за жените. Наводите на двете жени, кои го обвинија Трамп за непримерно допирање, неговиот портпарол ги...

За Белата куќа изјавата на Трамп за жените е одвратна

Белата куќа ја нарече „одвратна“ вулгарната изјава на Доналд Трамп за жените, оценувајќи дека неговото недолично однесување може да се смета за сексуален напад. - Како и другите Американци, претседателот ги смета за одвратни видеоснимката и тие изјави  – рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест. Тој додаде дека однесувањето на Трамп заслужува најостра осуда и може да се смета за сексуален...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...