fbpx

Наместо Клинтон или Трамп, секој четврти Американец би избрал Земјата да ја удри метеор

-

Младите Американци се толку се незадоволни од тоа што им се нуди на претседателските избори, што секој четврти повеќе би сакал Земјата да биде погодена од џиновски метеор отколку Доналд Трамп или Хилари Клинтон да влезат во Белата куќа.

Анкетата меѓу младите американски гласачи ја спровел центарот за јавно мислење при Универзитетот „Масачусец“.

Околу 53 отсто од 1.247 испитаници, на возраст од 18 до 35 години, одговориле дека подраго би им било голем метеор да ја уништи Земјата отколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп да победи на изборите.

Во случајот со Хилари Клинтон, метеорот бил подобра опција за 34 отсто од испитаници.
Секој четврти испитаник рекол дека претпочита метеор да падне, без разлика кој од двајцата кандидати би победил.

– Секако, не мислиме дека се смртно сериозни. Но, одговорот за метеорите, сепак, говори за политичко незадоволство меѓу американската младина – рече директорот на центарот, Џошуа Дик.

Во анкетата со интересни понудени одговори, дури 39 отсто од испитаниците одговориле дека претпочитаат Обама да се прогласи за доживотен претседател наместо да биде заменет од Клинтон или Трамп. Дваесет и шест отсто од нив сметаат дека за нацијата би било подобро идниот претседател да се избере преку лотарија меѓу целата популација.

Кога од младите било побарано да изберат меѓу двајцата постојни реални кандидати, Клинтон минала многу подобро. За неа би гласале 50 отсто, а за Трамп 21 отсто од испитаниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...