fbpx

Американците избираат претседател помеѓу Клинтон и Трамп

-

Претседателските избори во САД, на кои ќе гласаат 225 милиони Американци, ќе се одржат денеска, а трката ќе се води помеѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп.

Ќе се гласа во еден еден круг во секоја од 50 американски сојузни држави и во градот Вашингтон.

Повикувајќи се на спроведените анкети, медиумите оценуваат дека изборите никогаш досега не биле понеизвесни, а најновите анкети направени од „Блумберг“ и од Институтот за истражување на јавното мислење „Селзер енд Ко“ покажуваат дека Клинтон е во водство за три проценти во однос на Трамп.

Меѓу другите кандидати, либертаријанскиот кандидат Гери Џонсон има поддршка од четири проценти од испитаниците, додека кандидатката на Зелената партија ужива поддршка од 2 отсто.

Претседателот во заминување Барак Обама ги повика демократите од секоја етничка припадност да излезат на изборите за 45. претседател на САД и да го дадат нивниот глас за Хилари Клинтон, предупредувајќи дека САД се „на коцка на судбината“.

На неделниот собир во Северна Каролина, Обама истакна дека републиканскиот ривал Трамп е закана за тешко стекнатите граѓански слободи.

Имено, некои од државите традиционално гласаат за демократите, а други за републиканците, поради што кандидатите во кампањите го ставаат фокусот на оние десетина држави кои од избори до избори ја менуваат партијата – а меѓу нив најважни се Флорида, Пенсилванија и Охајо.

Американците денеска избираат и нов состав на Претставничкиот дом на Конгресот и третина од составот на Сенатот.

Дваесет од 50-те американски држави денеска ќе изберат нови гувернери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...