fbpx

Клинтон и Трамп во трка по неопределените гласачи

-

Претседателските кандидати на САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон, посетија повеќе држави, во обид да придобијат гласачи пред изборите на 8 ноември.

Трамп ги посети неопределените држави Пенсилванија, Северна Каролина и Флорида, односно третата најголема држава во САД, каде анкетите покажуваат изедначена трка.

Тој денеска ќе води кампања на територија која традиционално е на Демократската партија, во знак оти не се откажува да привлече луѓе надвор од Републиканската партија.

Во меѓувреме, Клинтон се фокусираше на обидите за заживување на гласачите кои вообичаено ја поддржуваат номинацијата на демократите, вклучително Афроамериканците, Латиноамериканците и жените.

Најновата голема анкета на „Еј-би-си“ и на „Вашингтон пост“, објавена денеска, ѝ дава на Клинтон предност од пет процентни поени, но избирачкиот просек бил поблиску.

Вчера се случила и драма. Трамп накратко бил изнесен надвор од сцената од страна на службите за безбедност, кога настанала паника поради лажен пиштол за време на митингот во Невада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...