fbpx

Русија не се меша во изборите во САД, тврди Путин

-

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „хистерични“ обвинувањата упатени кон Москва дека се обидува да влијае на изборите во САД, во корист на кандидатот на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции.

Ова Путин го истакнал пред поранешни светски лидери и експерти, за време на собирот во Сочи, организиран од клубот „Валдај“.

Тој ги критикувал Соединетите Американски Држави дека ги користат меѓународните прашања за сопствен интерес и дека употребуваат тези за некаква „псевдозакана од Русија“.

„Може да се помисли дека во САД постојат голем број проблеми, но очигледно елитата таму нема што друго да каже за да го смири општеството и полесно им е да го привлечат вниманието на луѓето со т.н. информатички пирати, шпиони и агенти под руско влијание“, рекол Путин.

Вашингтон неодамна ја обвини Русија дека стои зад хакирањето на интернет-страниците на државни функционери и партии и на тој начин се обидува да влијае на кампањата за претседателските избори во САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...