fbpx

Клинтон: Ако победам, ќе ја обединам земјата

-

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, истакна дека ако биде избрана, таа ќе ја обедини земјата.

– Работа ми е да ја обединам земјата – им рече Клинтон на новинарите додека влегуваше во авионот, заминувајќи на првиот од четирите митинзи на последниот ден на кампањата.

Клинтон истакна дека навистина сака да биде „претседател за сите“ и за тие што ќе гласаат за неа и за другите, што ќе гласаат против неа.

Демократската кандидатка за претседателка на САД е во водство од три процентни поени во однос на својот републикански противкандидат Доналд Трамп, покажуваат резултатите од завршната анкета на „Блумберг“.

Најновите истражувања покажуваат дека Клинтон ужива доверба кај 44 отсто од испитаниците, додека кон Трамп се наклонети 41 отсто.

Во САД, утре 225 милиони Американци со право на глас ќе одлучуваат помеѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...