fbpx

Хилари Клинтон: Резултатите беа болни за мене, но му посакувам успех на Трамп

-

Демократската кандидатка за американски преседател, Хилари Клинтон, денеска изрази надеж дека нејзиниот противкандидат во изборната трка, републиканецот Доналд Трамп, ќе биде успешен претседател на сите Американци.

Во својата прва изјава по изборниот пораз, Клинтон изјави дека резултатите од изборите биле болни за неа и дека е разочарана, но му посака успех на Трамп и нагласи дека му понудила соработка.

– Синоќа му честитав на Трамп и му понудив соработка за доброто на нашата земја – изјави Клинтон во обраќањето во хотел во Њујорк.

Клинтон оцени дека вчерашните избори покажале оти „земјата е многу подлабоко поделена отколку што се мислело“, но сепак ги повика своите привразници да ги прифатат изборните резултатити.

– Треба да ја градиме Америка исполнета со надеж, со инклузивност и со големо срце. Мора да се почитува и да се брани владеењето на правото, рамноправноиста и слободата на веросповед. На Трамп му нудиме отворен ум и шанса да ја поведе земјата – истакна Клинтон.

Инаку, во меѓувреме беше соопштено дека Клинтон победила во сојузната држава Минесота, со што освои уште 10 електорски гласа.

Сепак, овие резултати не можат да влијаат на изборот на Трамп за претседател, бидејќи тој веќе освои 276 електорски гласови или шест повеќе од непоходните 270 за победа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...