fbpx

Иванов до Трамп: Потребна е интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му честиташе на Доналд Трамп за изборот за претседател на Соединетите Американски Држави.

„Дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за претседател на Соединетите Американски Држави, како и да Ви посакам успех во извршувањето на одговорната функција. Република Македонија придава исклучително значење на стратегиското партнерство со Соединетите Американски Држави, а заложбата за негово понатамошно зацврстување претставува посебен интерес за Република Македонија и за нејзините граѓани. Вие застанувате на чело на Вашата држава во време на безбедносни бури, глобални предизвици и непоредок. Овие предизвици неминовно се рефлектираат и на државите од регионот на Југоисточна Европа, вклучително и Република Македонија“, стои во честитката.

Во нашите 25 години независност и сувереност, пишува понатаму, Република Македонија долго време се соочува со неправедна и со непринципиелна блокада на нашиот европски и евроатлантски пат.

„И како што на светот му треба поредок, така нам ни треба консолидирање на мирот, поголема стабилност, безбедност и демократија во регионот. За постигнување на овие цели, потребна е интеграција на Република Македонија и на целиот регион во НАТО и во Европската Унија, но и почитување на меѓународното право. За постигнување на овие цели, особено значајна е поддршката од САД. Длабоко сум уверен дека Соединетите Американски Држави под Ваше лидерство, ќе ни помогнат во исполнување на овие највисоки стратешки цели. Уверен сум дека во периодот што следува нашето стратегиско партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за што уште еднаш Ви ја искажувам нашата целосна подготвеност. Сакам да Ве уверам дека Република Македонија, како докажан пријател и партнер на Вашата голема нација, ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и за безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот“, се вели во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...