недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: диви животни | 22 резултати

Дивите животни гинат на патиштата додека го чекаат првиот зелен премин во земјава

26 октомври 2022

Балканскиот рис често го поминува патот од Гостивар кон Кичево, сообраќајница која го пресекува неговото природно живеалиште. Снимките од мрежата на Македонското еколошко друштво покажуваат дека ова критично загрозено животно секојдневно ризикува да заврши под тркалата на возилата во обидот да се движи или да обезбеди храна. Пресекувањето на живеалиштата на рисот, но и на […]

Не е точно дека во САД се трујат диви животни со експериментални орални вакцини

4 октомври 2022

Не станува збор за никаква нова програма за масовна дистрибуција на орални вакцини за диви животни, како што невистинито се тврди во оваа објава на Фејсбук. Вакви орални вакцини против беснило кај дивите животни во САД се применуваат од 1990 година. Истата програма во Канада се спроведува од 1985 година, а во Европа од 1980 […]

Мечето од Радожда е вратено во дивина, но активистите се загрижени за неговата безбедност

16 јули 2022

Мечето што пред неколку дена на патот кон Радожда го спаси стружанецот Гоце Митрески е вратено во шума со надеж дека ќе успее да ја најде мајка си. Од Агенција за храна и ветерина за Мета.мк изјавија дека осободувањето на мечето било организирано и со помош на ловечко здружение било пуштено на безбедна локација. Сепак, […]

Стружанец пронашол повредено мече покрај пат и веднаш го однел на ветеринар

13 јули 2022

Стружанецот Гоце Митрески вели дека пред неколку дена пронашол мало кафеаво мече завиткано во трња кое било видно повредено, дезориентирано, дехидрирано и тешко се движело поради повреда на едната нога. Митрески возел на патот од Струга кон Радожда и, како што вели тој, кога го забележал мечето застанал, видел дека нешто не е во ред, […]

Црногорските власти го праќаат во Холандија лавчето Симба што се шеташе низ шумите на Будва

21 јуни 2022

Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора информираше дека по пет месеци престој во оваа земја, лавчето Симба заминува најпрво во Холандија, а штом ќе зајакне, ова диво животно ќе замине во големото прифатилиште на организацијата „Four Paws“ во Африка. Возилото со лавчето Симба замина на патот долг 2.100 километри до Холандија во […]

Лавот Џони од кафез во Гњилане преместен во прифатилиште за мечки близу Приштина

15 мај 2022

Лавот по име Џони, за кој се верува дека во 2019 година преку алтернативни патишта е прошверцуван од Албанија во Косово и досега беше чуван во кафез во ресторанот „Маја е зез“ во Гњилане, е ослободен од решетките и сега живее во прифатилиште за мечки близу Приштина. Прифатилиштето „Беар Форест“ Приштина соопшти дека лавот сега […]

Отровите ги уништуваат дивите животни, трујачите никој не ги гони

28 април 2022

Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот, а само еден отсто од случаите завршуваат на суд, покажува најновата Студија за труење на мршојадците, која ја објави Македонското еколошко друштво (МЕД). Според податоците од документот, илегалната употреба на отровни супстанци во животната средина заради отстранување на „несакани“ животни го осиромашува биодиверзитетот и претставува закана за јавното […]

Ветеринарот што го прегледа црногорскиот Симба не ја отфрла можноста да е истото лавче што се појави во Куманово

16 февруари 2022

Холандскиот ветеринар, Џуно Ван Зон кој го прегледуваше лавчето наречено Симба во Црна Гора што талкаше низ шумите во околината на Будва во изјава за Мета.мк рече дека не ја отфрла можноста да станува збор за истото лавче што кон крајот на септември минатата година се возеше во луксузните автомобили на кумановци. Специјалистот за лавови […]

[Видео] Црногорските власти го најдоа пребеганото лавче близу Будва

10 февруари 2022

Црногорските власти и волонтери по еднодневна потрага го пронајдоа лавчето кое неколку дена се шеташе низ шумите близу Будва. Бојан Башановиќ од црногорската Агенција за заштита на животната средина кој беше надлежен за потрагата за Мета.мк изјави дека лавчето било видно исцрпено кога го заловиле до стара куќа на пат кон селото Крапина и дека […]

Балканскиот рис да добие свои зелени премини, за да не завршува под тркалата на возилата на патиштата

3 јануари 2022

Локациите Буковиќ-Сретково и Селечка Планина се два пилот еколошки коридори каде се спроведуваат истражувања за изградба на зелена инфраструктура заради подобрување на условите во кои живее и опстојува балканскиот рис, но и многу други видови диви животни. Коридорот Буковиќ-Сретково е од особено значење, имајќи предвид дека претставува еден од најважните простори за поврзување на популациите […]

Ниту Црвените листи не ги спасуваат дивите животни од отрови и криволов

19 декември 2021

Труења, ловење, заробување или убивање се речиси секојдневните закани со кои се соочуваат дивите животни во земјава. Под закана се и животни кои се наоѓаат на Црвените листи на загрозени видови, бидејќи и покрај високите казни за вакви дела, кои се движат и до десет години затвор, засега никој не е казнет. Досега, согласно со […]

Угина повредената лисица што се продаваше за 2800 денари, активистите бараат одговорност

15 декември 2021

Активистите за права на животните од Анима Мунди бараат одговорност од надлежните институции затоа што не постапиле по дојавата дека во заробеништво се држи повредена лисица. „Ние на 12ти овој месец добивме информација дека лице од Прилеп на оглас за 2800 денари продава лисица. На фотографијата се гледа дека животното е во ужасна состојба, измачувано, […]

Скоро две децении државата никако да го основа центарот за згрижување на диви животни

11 декември 2021

Иако концептот за правата на животни обично се поврзува со заштита и благосостојба на домашни животни, еднакви права имаат и дивите животни. Нивната заштита е предвидена со Законот за заштита на природата, каде се предвидува заштита на биолошката разновидност која ја сочинуваат и дивите животни и Законот за ловство, а и Кривичниот законик. Сепак, поразителен […]

Полицијата во Чегране откри мини зоолошка градина со диви животни без соодветна дозвола

20 ноември 2021

Во угостителски објект во тетовското село Чегране денеска е пронајдена мини зоолошка градина со диви животни без соодветна дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција –  Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, […]

Српска зоолошка градина истражува сигурносни снимки по објавата на Мета за лавчето Симба (фото)

3 ноември 2021

Зоолошката градина во Палиќ, на северот во Србија ќе ги анализира снимките од безбедносните камери во близина на кафезите со лавови откако по написот на Мета.мк за лавчето Симба, новинарите од редакцијата Суботичке.рс алармираа дека можеби лавчето потекнува токму од таа зоолошка, потврди за Мета.мк в.д. директорката на оваа институција Соња Мандиќ. Во ЗОО Палиќ, летово […]

На патиштата 505 несреќи се случиле за помалку од 3 години заради животни, експертите бараат мерки

9 октомври 2021

Несреќата со мечката што пред неколку дена загина на автопатот Скопје – Тетово повторно го актуализира прашањето колку се небезбедни јавните патишта за животните и за возачите. Земајќи предвид дека во период од 2019, 2020 и 2021 според информациите на МВР се случиле 505 сообраќајни несреќи кои биле предизвикани од животни, експертите препорачуваат изградба на […]

МЖСПП ќе формира центар за згрижување на повредени и запленети диви животни

22 октомври 2020

Со цел да се спречи нелегалната меѓународна трговија со диви животни и нивни делови во земјава, Министерството за животна средина и просторно планирање, МЖСПП, најавува почеток на активности за изработка на студија за изводливост за воспоставување на центар за згрижување на повредени и запленети диви животни. Тоа е во рамките на Програмата за зачувување на […]

Европската Унија усвои мерки за спречување на трговија со диви животни

26 февруари 2016

Европската Унија претстави низа мерки против трговијата со диви животни, со што се финансираат екстремистичките паравоени групи, особено на територијата на Африка. Во Брисел проценуваат дека секоја година на тој начин се собираат околу 20 милијарди евра, со што се загрозува опстанокот на животните. Петгодишниот план на Европската Унија има цел да ја спречи трговијата, да […]

Страна 1 од 1