fbpx

МЖСПП ќе формира центар за згрижување на повредени и запленети диви животни

-

Со цел да се спречи нелегалната меѓународна трговија со диви животни и нивни делови во земјава, Министерството за животна средина и просторно планирање, МЖСПП, најавува почеток на активности за изработка на студија за изводливост за воспоставување на центар за згрижување на повредени и запленети диви животни. Тоа е во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од „Фармахем” од Скопје.

Како што посочуваат од МЖСПП, во изминатите години во повеќе наврати во државата се евидентирани случаи на повредени диви животни. Често пати причина за вакви случувања се прекинатите биокоридори за миграција, со развојот на патната инфраструктура, изградба на енергетски и хидроенергетски објекти, рударски активности, пожари, поплави, но и незаконско ловење и фаќање на животните со замки.

„МЖСПП, како надлежно тело за спроведување на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени диви растителни и животински видови (CITES), има регистрирано случаи на нелегална меѓународна трговија и промет со диви видови, нивни делови и деривати на територија на нашата земја, при што запленетите диви животни мора да се одземат и соодветно да се згрижат. Оттука се наметна потребата од воспоставување Центар за згрижување на повредени и запленети диви животни, по примерот на Европските држави. Изведувач на активноста е приватната компанија ДЕКОНС ЕМА, која ангажираше национални и меѓународни експерти“, соопштија од МЖСПП .

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...