fbpx

Со дигитална кампања ќе се подобрува квалитетот на воздухот, најавува МЖСПП

„Нечистите горива како извор на загадување, заедно со лошото урбанистичко планирање и незгодниот терен со децении го задушуваат главниот град на Северна Македонија“, објави „Гардијан“ пред неколку месеци

-

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Шведската амбасада и Шведската агенција за заштита на природата, најави дека ја започнува дигиталната кампања за подобрување на квалитетот на амбенталниот воздух насловена „Топли препораки“. Во меѓувреме, Мета веќе објави дека Државната лабораторија за животна средина планира идната година да се акредитира за три методи за следење на квалитетот на воздухот, но само ако најдат кој да работи со инструментите.

„Лабораторијата сè уште не вработила луѓе кои би биле обучени за мерења на емисии од стационарни извори. Од таа причина иако инструментот е набавен, тој сè уште не се користи. Инаку, институцијата има вкупно седум вработени кои се вклучени во системот за квалитет ИСО 17025 за акредитирана лабораторија“, велат од Министерството“, рекоа на почетокот на месецов од министерството.

Истражувањата покажуваат дека согорувањето на биомасата (дрвата) за затоплување на домаќинствата учествуваат со 45 отсто во националните емисии на ПМ 10 и 68 отсто во ПМ 2,5 честичките во амбиенталниот воздух, а очекувано е голем број на домаќинства и оваа зима да се затоплуваат користејќи дрва како огревен материјал.

„Од таа причина, првиот дел од дигиталната кампања го посветуваме на споделување на добри практики при користење на дрвото за затоплување на домовите и укажување на важноста тоа да се прави на правилен начин, внимаваќи на правилен избор на огревниот материјал, правилно чистење и одржување на грејните тела и оџаците и на правилно ракување со огревниот материјал при горењето“, велат во министерството, од каде што информираат дека „Топли препораки“ може да се следат на Фејсбук.

„Гардијан“ во септември објави дека воздухот во Скопје мириса на изгорена пластика.

„Планините околу Скопје ги чуваат граѓаните безбедни кога смогот станува погуст, но ги заробуваат и отровите што го прават воздухот меѓу најопасните од сите градови во Европа. Нечистите горива како извор на загадување, заедно со лошото урбанистичко планирање и незгодниот терен со децении го задушуваат главниот град на Северна Македонија. Градот се наоѓа во котлина каде што стари фабрики функционираат покрај домовите и работните места. Во зима, кога луѓето палат печки со отпадно дрво и ѓубре, се крева топол воздух кон небото, кој се сретнува со студениот и тежок планински воздух и го формира капакот што го задржува загадувањето и маглата во самата котлина“, пишува во опширниот текст за загадувањето на воздухот во македонскиот главен град.

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...