fbpx
Таг: дигитализација

таг: дигитализација

Од денеска уверение за државјанство ќе може да се вади и во електронска форма

Македонските граѓани од денеска ќе можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објасни дека барањето за уверение за државјанство се поднесува во електронска форма, во лично име или за своето малолетно дете, а услугата е достапна на сајтот www.uslugi.gov.mk, во лични документи и исправи, државјанство. „Барање...

Грковска: Со дигитализацијата се намалува просторот за корупција

„Дигиталната трансформација е можност за голем напредок кон ефикасно, транспарентно и отчетно работење на сите институции, без оглед дали станува збор за министерство или за општина. А тоа е најдобриот и најефективниот начин за да се зголеми довербата на граѓаните во системот“, рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната тркалезна маса во организација на...

Меѓународниот натпревар „РобоМак 2023“ со фокус на дигитализацијата и вештачката интелигенција

На Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) денес започна 11-то издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција - РобоМак 2023. Деканот на факултетот, Димитар Ташковски, ги поттикна студентите да го користат своето теоретско знаење во пракса, преку вакви настани. „Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се примени во пракса уште во студентски...

Инспекторатот за животна средина ќе се дигитализира, предметите за загадувачите ќе бидат на увид на јавноста

Државниот инспекторат за животна средина ќе се дигитализира до крајот на годината, а сите извештаи за извршените контроли кај загадувачите и доделените казни ќе бидат достапни на јавноста. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски, денеска на прес конференција најави дека со проектот Е-инспектор, освен трансперентност и увид на јавноста, ќе им се овозможи на инспекторите на безбеден начин да ги...

Македонците за онлајн купување лани потрошиле 156 милиони евра

Mакедонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски трговци кои вршат продажба онлајн, во 2022 година потрошиле над 156 милиони евра, што е за 46,31 отсто повеќе во однос на 2021 година, покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), од објавените податоци од Народната банка на Република Северна Македонија. Се купувало на Али Експрес, Гугл,...

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа

Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери низ филијалите на Македонска пошта. До неодамна, владините функционери го промовираа како „успешен проект“, па дури и пред претставниците од...

Промовиран водич за медиумска писменост за родители и старатели на деца

Младинскиот образовен форум (МОФ) и ИРЕКС денеска го промовираа водичот за медиумска писменост за родител и старатели на деца од 5 до 10 години „Дигиталниот свет на генерација алфа“, кој е дел од проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ на УСАИД. Водичот содржи совети за родителите и старателите како полесно да се снајдат во новото време на технолошка и дигитална...

Промовирана веб-платформата „е-здравство“: онлајн информации за вакцини, рецепти и упати

Информации за тоа кога треба да го однесете вашето дете на вакцина, информации за Програмата за рана детекција на малигни заболувања, податоци во реално време за бројот на издадени упати и рецепти, се само дел од новините што ги нуди новата веб-платформа е-здравство која беше промовирана денеска. Веб-платформата е изработена од Управата за електронско здравство, со поддршка од УНИЦЕФ...

Алиу: Со дигитализација на јавната администрација нема веќе да се бараат врски за да се дојде до документ

Со дигитализацијата на услугите што ги нуди јавната администрација ќе се подобрат услугите кон граѓаните и ќе се намали т.н. ниска корупција, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите, додавајќи дека лично за него, дигитализацијата е еден од клучните приоритети во неговиот мандат. Алиу признава дека дигитализацијата бара многу пари и дека државата...

Алатката за потрошените пари на државните функционери не е ажурирана од 2021 година

Доколку сакате да видите колку пари потрошил одреден актуелен министер за авионски карти, колку пари зел за дневници, такси превоз, хотели или колку потрошил по ресторани, користејќи ја Алатката за отчетност која беше промовирана од страна на Владата, нема да биде успешно, барем не за 2022 и за 2023 година. Алатката за отчетност не е ажурирана од 2021 година, па...

Словенија донираше над 200.000 евра за дигитализација на македонскиот Државен архив

Во Министерството за економија, туризам и спорт на Република Словенија, денеска беше потпишан Договор за донација од 218.000 евра, наменети за реализација на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали во Државниот архив на С. Македонија. Договорот во Љубљана го потпишаа директорот на Државниот архив, Емил Крстески и директорката на словенечкиот Центар за меѓународна соработка и развој, Мојца...

Дигиталната трансформација ќе овозможи граѓаните на едно место да добиваат многу услуги

Владата планира да воспостави Интегрирани сервисни центри (One point of service), кои го нудат концептот на едношалтерски систем и кои ќе бидат достапни за сите граѓани на 333 пунктови на државно ниво. Со ова, граѓаните ќе можат да добијат многу услуги на само една локација и ќе бидат дел од инфраструктурата на АД Пошта на Северна Македонија. Ова е...

Во употреба пуштена АДА – првиот дигитален асистент во јавниот сектор

Владата денеска официјално ја пушти во употреба АДА, дигитален асистент во јавниот сектор. Преку дигиталниот асистент, како што информираат од Владата, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и се гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за...

„АДА“, дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција кој ќе им дава информации на граѓаните за државната помош

Инвеститорите и граѓаните ќе можат да добиваат информации за програмите за државна помош на Владата на РСМ преку првиот дигитален асистент „АДА“ кој е базиран на вештачка интелигенција. Вака информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), по претставувањето на овој дигитален асистент на владина седница во февруари годинава....

Употребата на вештачката интелигенција во државните институции е корисна, но опасна е ако се злоупотреби

Користењето на вештачката интелигенција во јавниот сектор би помогнало да се зголеми квалитетот на услугите, да се заштеди времето и парите на граѓаните, но и да се спречи корупцијата. Меѓутоа, ако вештачката интелигенција се користи нетранспарентно, последиците ги надминуваат придобивките. Ова го велат експертите за влијанието на вештачката интелигенција доколку се користи од институции кои даваат услуги на граѓаните,...

Користењето на вештачката интелигенција без стратегија ги изложува граѓаните на ризик, државата сè уште нема почнато процедура

Употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во недостиг на стратегија или регулатива, ги изложува граѓаните на ризик од потенцијална злоупотреба. Република Северна Македонија формираше работна група за Националната стратегија за вештачка интелигенција, но од 2021 година одржан е само еден состанок, пишува Порталб.мк. Презентирањето на роботот Chat GPT, кој има способност да разговара како човек со висок степен на флуентност и...

ДЕБАТА: Без технологија не можеме, прашањето е како ги користиме социјалните мрежи

Самите треба да го исфилтрираме околниот свет во интернетот со кој комуницираме, а на лично ниво треба да создадеме сила за да се бориме против сите темни страни на социјалните мрежи. На нив треба да гледаме како на алатки зад кои стојат луѓе, кои мрачните работи ги вршеле и пред појавата на социјалните мрежи, само што тогаш не сме...

Вештачката интелигенција може да им помогне на луѓето, но и да ја загрози нивната приватност

Вештачката интелигенција има за цел да им помогне на луѓето и да ги забрза услугите и процесите во многу општествени сфери, но, сепак таа носи и големи ризици кои можат сериозно да влијаат на нарушувањето на приватноста и достоинството, како и на поткопувањето на слободата на граѓаните. Ова е заклучокот од денешната сесија посветена на вештачката интелигенција, на меѓународната...

Утре започнува меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“

Во хотелот „Мериот“ во Скопје утре и задутре ќе се одржи меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат, при што дел од учесниците ќе ја имаат можноста физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и Facebook Live. Конференцијата ќе ја отворат Славица Грковска, заменичка на...

Подготвена алатка за мерење на работата на јавните обвинителства​

Јавните обвинители не бегаат од отчетност и одговорност за својата работа, но и другите чинители на власта мора да ги обезбедат сите услови за да се овозможи ефикасно функционирање на Јавното обвинителство, порача Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на денешната конференција „Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на Јавното обвинителство“. На конференцијата беше презентирана алатката во изработка...

Словенечкиот премиер е надовор од животна опасност но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...