Подготвена алатка за мерење на работата на јавните обвинителства​

Според првиот обвинител, потребен е дополнителен кадар, но и дополнителни пари, за да може обвинителствата да функционираат подобро

-

Јавните обвинители не бегаат од отчетност и одговорност за својата работа, но и другите чинители на власта мора да ги обезбедат сите услови за да се овозможи ефикасно функционирање на Јавното обвинителство, порача Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на денешната конференција „Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на Јавното обвинителство“.

На конференцијата беше презентирана алатката во изработка за мерење на перформансите на јавните обвинителства.

Според првиот обвинител, потребен е дополнителен кадар, но и дополнителни пари, за да може обвинителствата да функционираат подобро.

„Очекувањата на јавноста кои се однесуваат на ефикасното извршување на работата, може да се остварат доколку обвинителствата располагаат со соодветни човечки, финансиски и материјални ресурси за кои во повеќе наврати сум говорел дека не се на неопходното ниво. Квалитетот и ефикасноста на работата на јавните обвинители не зависи само од нивната подготвеност и вештини, туку и од обезбедувањето на овие материјални основи“, порача Јовески.

Тој нагласи дека лично како јавен обвинител не може да се помири со ниската доверба на граѓаните во правосудството.

„Јавноста има потреба и заслужува подобро разјаснување на правниот процес на работата на јавните обвинители со што ќе се покаже дека нашите истраги и обвиненија се легитимни и засновани врз цврсти докази“, рече Јовески.

Министерот за правда Кренар Лога потсети дека од 1 јануари на сила е задолжителната примена на системот за електронска евиденција на предметите во Јавното обвинителство кој треба да овозможи непрекинат проток на податоци и информации во врска со постапувањето на јавните обвинителства.

„Без видливост на работата и постигнатите резултати, без мерливи и квалитетни споредбени податоци кои се собираат и обработуваат, исто како во земјите членки на Советот на Европа и Европската унија, правдата ќе остане слепа и нема, а граѓаните нема да ја добијат уставно загарантираната заштита“, порача Лога.

Според претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски, пак, алатката која се нуди во рамките на проектот „Развој и воведување алатка за следење на перформансите на јавнообвинителскиот систем во Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство со поддршка на Британската амбасада во Скопје, ќе овозможи подобрено следење на ефикасноста.

„Ќе ни помогне и нам во Советот да увидиме каде имаме проблем со кадри, да се види обемот на работа на јавните обвинители, а со тоа да се подобри и перцепцијата на граѓаните за нашата работа“, рече Јолевски.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...