fbpx

Словенија донираше над 200.000 евра за дигитализација на македонскиот Државен архив

Овој процес не е само потребен за трајна заштита и трајно зачувување на документите, туку и за нивна поголема транспарентност и достапност за сите оние што се интересираат за нашата историја, велат од Државниот архи

-

Во Министерството за економија, туризам и спорт на Република Словенија, денеска беше потпишан Договор за донација од 218.000 евра, наменети за реализација на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали во Државниот архив на С. Македонија.

Договорот во Љубљана го потпишаа директорот на Државниот архив, Емил Крстески и директорката на словенечкиот Центар за меѓународна соработка и развој, Мојца Копше.

Донацијата на Словенија опфаќа подготовка на Студија за потребите за имплементација на процесот на дигитализацијата, анализа на сегашната состојба во врска со овој процес и на поврзувањето на деветте одделенија со централниот дел на Државниот архив, како и обука на кадри за спроведување на дигитализацијата според европски стандарди и норми.

„Овој процес не е само потребен за трајна заштита и трајно зачувување на документите, туку и за нивна поголема транспарентност и достапност за сите оние што се интересираат за нашата историја“, велат од Државниот архив.

Директорот на институцијата, Емил Крстески се заблагодари за донацијата, велејќи дека Словенија е „еден вид мост кон ЕУ“.

„Словенија е наша пријателска земја, која ја чувствуваме како еден вид мост кон Европската унија и нејзината поддршка и нејзините искуства се секогаш корисни и добредојдени за забрзување на нашата евроинтеграција. Така е и во случајот со процесите на дигитализацијата на целата администрација, вклучувајќи го и Државниот архив, на што во своите програмски цели инсистира и Владата на Република Северна Македонија и премиерот, Димитар Ковачевски, кој неодамна изјави дека тоа е неопходен чекор за наш забрзан од кон Европската унија“, рече Крстески.

Директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој, Мојца Копше, пак, нагласи дека по заокружувањето на Студијата за дигитализација и анализата на работата на Државниот архив на Северна Македонија во таа насока, ќе се премине кон втората фаза од проектот што подразбира објавување јавен оглас за учество на фирми кои ќе ја преземат и целосната реализација на процесот на дигитализација, а врз основа на Студијата и анализата ќе треба да се обезбедат и дополнителни средства од меѓународни финансиски институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...