fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Новинари од Северна Македонија и Грција договорија заедничка борба против дезинформациите

Проблемите со дезинформациите и мерките за борба против нив беше темата на работилница што завчера и вчера се одржа во Солун, со учество на 35 новинари, експерти и претставници на граѓанското општество од Северна Македонија и Грција. Семинарот го организираа амбасадите на САД во Северна Македонија и Грција, Центарот за глобално поврзување на Стејт департментот, Американската агенција за глобални медиуми...

Дел од медиумите во земјава дезинформира за интервенцијата на косовската полиција во Митровица

Интервенцијата на косовската полиција во северниот дел на Митровица, каде што живеат мнозинство Срби, во српската пропаганда против Косово ги вклучи и медиумите од Македонија, кои земајќи ги за единствен извор на информации само српските медиуми, на интервенцијата на Специјалната единица на Косово на 28 мај 2019 година ѝ припишаа „национализам или интервенција на Албанците против Србите“, пишува „КриТинк“. Но,...

Пратеникот Милошоски шири лажни вести и не се чувствува одговорен

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, вчера (19.06.2019) на Твитер објави, наводно, „шокантна вест“ дека на завчерашниот состанок на Советот на министри, на кој се разговараше за одредувањето датум за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија, седум членки биле против тоа, пишува „КриТинк“. На денешниот ЕУ Совет 7 членки биле против датум за преговори со МК и АЛ: ФР, Холандија, Германија,...

Презентиран повикот од проектот „КриTинк“ за грантови за медиумска писменост

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, што го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Евротинк“ денеска пред претставници на граѓански организации од Скопскиот плански регион ги презентираше можностите за доделување грантови на организации за нивни проекти за развој на медиумската писменост. Повикот за добивање грантови е распишан на 31 мај, а заинтересираните организации ќе може...

Во Тирана се одржува конференција “Соочување со фактите на Балканот и пошироко” на која учествува и “Метаморфозис”

Почнувајќи од вчера, па до петок, Фондацијата за општество и интернет "Метаморфозис", ќе биде дел од меѓународната конференција за верификација на фактите и борба против погрешното информирање - дезинформирањето “Facing the facts in the Balkans and beyond” ("Соочување со фактите на Балканот и во пошироко"), пишува „Порталб.мк.“ Во првата панел дискусија вчера, на која учествуваа водечките медиуми кои работата ја...

Ералдин Фазлиу: Во Косово најчести се дезинформациите што доаѓаат од политичарите

Ералдин Фазлиу, главниот уредник на „Приштина Инсајт“ (Prishtina Insight), во интервју за „Порталб.мк“ вели дека најчести се дезинформациите кои доаѓаат од косовските политичари. Тој истакнува дека еден од големите проблеми на Косово е дезинформирањето со визуелни елементи. Се користат фотографии и слики добиени од некое друго место, застарени слики или погрешени и несоодветни. Со ова се прави обид да...

Големиот настан за Македонија, српски „Курир“ го проследи со големи шпекулации

Во вест за препораките од Европската Комисија (ЕК) до Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ) за зачленување во европскиот сојуз, српскиот весник „Курир“ на својата онлајн-платформа завчера пласираше текст што содржи неколку шпекулации и неточна информација. Од поприлично „булеварскиот“ наслов што почнува со големи букви, а продолжува со шпекулација, до...

„Метаморфозис“ во Сараево ја презентираше својата борба против дезинформациите

Фондацијата „Метаморфозис“ ги презентираше своите активности во борбата против дезинформациите во земјава и во регионот на меѓународната конференција „Политичката отчетност и новите технологии - ПОИНТ“ (Political Accountability and New Technologies – POINT), што се одржа во Сараево, БиХ, од 16 до 18 мај. Еден од организаторите на конференцијата беше и мрежата ACTION SEE, која дејствува во шест балкански земји, а...

Лажните дрва растат на плодна почва: „Скопското“, може да е турско, а може и не е

Пост на Фејсбук објавен вчера, во кој се тврдеше дека со четири фотографии ја објаснува трагичната судбина на едно дрво во Скопје, односно дрвото на тревник пред зграда во пролет, есен и зима, а потоа градба на местото на кое било дрвото, за кратко време предизвика многу гневни реакции против „скопската урбана мафија“ и голем број пресподелувања. Но, станува збор...

Анализа: Зголемен е интензитетот на лажни и изнасилени скандали и афери пред изборите

Како наближуваат претседателските избори во Република Северна Македонија, така кампањата се заострува и тоа на начин што се зголемува бројот на пласирани дезинформации во јавноста, преточени во тнр. „лажни вести“. Терминот „лажни вести“ сега веќе секој си го употребува како сака и кога сака и често се користи за да се нападнат вести кои се сосема вистинити, но кои не...

Не, цесната не се урнала поради авионот на Ципрас!

Шпекулацијата на бугарскиот портал „BulNews“ дека авионот „Цесна“ кој падна близу Солунска Глава и во која загина четиричленото семејство од Бугарија се урнал бидејќи не му било дозволено да слета во Скопје поради летот на авионот на грчкиот премиер Алексис Ципрас беше демантирана од надлежните служби во Македонија, од бугарски експерти, но и од самиот факт летот на „Цесната“...

И грчката и нашата јавност „бомбардирани“ со дезинформации за Договорот од Преспа

Патот до надминување на деценискиот проблем меѓу двете држави не беше лесен, а лажните вести беа моќна алатка на непријателите на Договорот од Преспа, порача министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната грчко-македонска конференција „Лажни вести за Договорот од Преспа“, која се одржува денеска во Атина. На почетокот на настанот, во кој учествуваат и македонски новинари и...

На дезинформациите на Кремљ треба да се спротивставиме со точност

Брајан Витмор, постар истражувач и директор на Руската програма во Центарот за анализа на европските политики (ЦЕПА), истражувачки институт посветен на студии за Источна, Централна Европа и Русија, одржа виртуелно предавање, кое можеше да се следи во четири градови од Источна Европа: Букурешт, Киев, Подгорица и Скопје за справувањето со дезинформациите кои потекнуваат од Кремљ, како резултат на актуелните...

Вук Велебит: Српскиот печат е попристрасен и од рускиот „Спутњик“

Во Србија секојдневно се сервираат манипулации и дезинформации од страна на прорежимските телевизии. Голем проблем е и отсуството на информирање и намерата на власта преку своите телевизии да манипулира со јавното мнение и да ги дискредитира политичките противници. Вук Велебит е автор и истражувач што се занимава со руската пропаганда во дневниот печат во Србија. Истражувал на кој начин се...

Повратен ефект – кога тврдоглавоста ќе надвладее врз фактите

Британската невладина организација „Full Fact“ од Лондон, која се занимава со истражувања поврзани со проверката на фактите (fact checking) и дезинформациите, издаде истражувачки преглед кој се однесува на феноменот „повратен ефект“, кој настанува при проверката на фактите кај медиумските производи или изјавите на политичарите и другите јавни личности. „Повратен ефект“ во овој контекст значи, всушност, несакано постигнување на обратен ефект од посакуваниот, по извршената...

Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили

Три бебиња загинаа од епидемијата на морбили, која во Македонија започна во декември 2018 година, зголемувајќи ги стравувањата дека таа е резултат на долгогодишната пропаганда против вакцинирањето промовирана од десничарските популисти, пишува „Глобал војсис“. Помеѓу три и десет лица дневно се дијагностицираат со морбили во Македонија и над 259 лица се евидентирани како заболени досега, објави Институтот за јавно здравје,...

Возачот починал од срцев удар, а не од пад во рудникот, реагираат од „Бучим“

Раководството на рудникот „Бучим“, каде претпладнето почина нивен вработен, реагираше на непроверени информаци и претпоставки во некои од медиумите во Македонија, коишто пренесоа дека човекот починал по пад во рудникот. Меѓутоа, 50-годишниот Љупчо Наков, кој работел како возач во рудникот, починал од интензивен срцев удар. Тој се  струполил на земја додека на колега му покажувал каде да се движи цистерната...

Повеќе од 700 лаги во една година на насловните страници на три српски таблоиди

Во 2018 година, три српски таблоиди објавиле над 700 лаги на своите насловни страници, утврдил српскиот сервис „Раскрикавање“, кој е посветен на борбата против дезинформациите. На вкупно 306 насловни страници во 2018 година, таблоидот „Информер“ имал дури 351 дезинформација, односно непоткрепена вест. „Српски телеграф“ пак на насловните страници на 223 броја објавил дури 230 неточни или непоткрепени тврдења, додека „Ало“...

Тoп-5 дезинформации за СЈО во 2018

Од формирањето до денеска, Специјалното јавно обвинителство го следат купишта лажни вести, манипулации, дезинформации. Особено трите обвинителки, кои ги водеа прес-конференциите во кои се најавуваа истрагите и обвинителните акти, на кои работеше Oбвинителството, беа постојана мета на обиди за лична дискредитација со написи чија цел е нарушување на нивниот углед   Пишува: Симона Атанасова   И оваа година, иако е институција што според анкетите...

Дезинформациите за Украина, вакцинирањето и НАТО се главни трендови во 2018 година

Кампањата на Европската Унија против дезинформации (EUvsDisinfo) објави преглед на главните трендови од областа на дезинформирањето за 2018 година, поврзувајќи го ширењето на лаги на се поширок опсег на прашања со активноста на руските тролови и медиуми, пренесе „КриТинк“. Благодарение на притисокот кој владите од западните земји врз големите компании за информатичка технологија, во изминатата година тие ставија на јавен...

Не е точно дека Украина нема црква

Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната...