fbpx

Големиот настан за Македонија, српски „Курир“ го проследи со големи шпекулации

-

Во вест за препораките од Европската Комисија (ЕК) до Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ) за зачленување во европскиот сојуз, српскиот весник „Курир“ на својата онлајн-платформа завчера пласираше текст што содржи неколку шпекулации и неточна информација.

Од поприлично „булеварскиот“ наслов што почнува со големи букви, а продолжува со шпекулација, до самиот крај, текстот на српскиот медиум не може да се земе за исправен новинарски текст.

Во насловот се шпекулира, дека Северна Македонија и Албанија не добиле датум за преговори, бидејќи извештајот со препораката од ЕК беше само извештај за состојбата во која е земјава и ниту извештајот, ниту ЕК, може да одлучат за почеток на преговори, односно „не доделуваат датум“, бидејќи инстанцата за тоа е само Европскиот совет.

Текстот што следува под насловот нема голема усогласеност со насловот, бидејќи зборува дека две германски партии се противат на брз почеток на преговорите на Македонија и Албанија, без да наведе ниту една поткрепа за таквото тврдење – значи, ниту цитат, ниту пак линк до некакво образложение за тоа.

Единственото што заличува на некаков „доказ“ на весникот е наводот дека Гинтер Крихбаум, пратеник од владејачката германска партија ЦДУ рекол дека одлуката за преговорот најверојатно ќе биде донесена во октомври, а не на самитот во јуни.

И толку од бомбастичното тврдење на „Курир“ – само посочување на еден германски пратеник кој претседава со Комисијата за европска политика во Бундестагот (германскиот парламент) дека одлука не може да се донесе бргу. А Крихбаум, како што е цитиран во текстот, воопшто не тврди дека Македонија и Албанија нема да добијат датум – туку само верува дека одлука не може да се донесе бргу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...