fbpx

Не, цесната не се урнала поради авионот на Ципрас!

-

Шпекулацијата на бугарскиот портал „BulNews“ дека авионот „Цесна“ кој падна близу Солунска Глава и во која загина четиричленото семејство од Бугарија се урнал бидејќи не му било дозволено да слета во Скопје поради летот на авионот на грчкиот премиер Алексис Ципрас беше демантирана од надлежните служби во Македонија, од бугарски експерти, но и од самиот факт летот на „Цесната“ и авионот на грчкиот премиер не временски не коинцидираа. Инаку, тврдењата на овој портал ги пренесоа и некои македонски медиуми.

Но откако стасаа демантите од македонска страна, односно од директорот на М-НАВ, Николче Тасевски, дека на пилотот, 47-годишниот бизнисмен Георги Бошнаков, му било дозволено да слета на скопскиот аеродром, но тој сепак се решил за варијантата да продолжи за Софија, вчера „BulNews“ продолжи со шпекулациите велејќи дека демантите не докажале ништо, односно дека „железниот“ („сигурниот“) извор на порталот од М-НАВ тврди дека тоа е вистина. Но порталот и во двата текста не понуди никаков доказ дека навистина зборувал со човек од М-НАВ, односно можеби и зборувал со некој, но не дава уверување дека тоа е навистина вработен во македонската навигациска служба, а не некој што лажно се претставува.

Дополнително, и она што „BulNews“ го тврди за летот на авионот „на Ципрас“ апсолутно не одговара на вистината, оти како што беше пренесено во повеќе медиуми, Ципрас за Атина полетал дури околу полноќ, откако тој и неговата сопруга вечерале со Зоран Заев и неговата сопруга во „Камник“, а авионот во кој биле Бошнаков и неговата сопруга и двете нивни ќерки се урнал попладнето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...