fbpx

Презентиран повикот од проектот „КриTинк“ за грантови за медиумска писменост

-

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, што го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Евротинк“ денеска пред претставници на граѓански организации од Скопскиот плански регион ги презентираше можностите за доделување грантови на организации за нивни проекти за развој на медиумската писменост.

Повикот за добивање грантови е распишан на 31 мај, а заинтересираните организации ќе може да конкурираат до 15 јули за вкупно 10 грантови, во максимален износ од 6.000 до 7.000 евра.

– Граѓаните без медиумска писменост се подложни на манипулации, и затоа овој проект има за цел, преку граѓанскиот сектор, медиуми и соработка со државни и локални институции, да се развијат квалитетни вештини на граѓаните да ги препознаваат манипулациите, дезинформациите во медиумската сфера, како и говорот на омраза. Тоа е важно за современиот граѓанин како фактор во општеството – рече Филип Стојановски од „Метаморфозис“ на настанот што се одржа во Граѓански ресурсен центар.

Тој појасни дека целта на проектот и да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување.

Во претходниот циклус од проектот „КриTинк“ беа доделени шест грантови, а новиот повик е за 10.

Објаснувајќи ја идејата за доделувањето грантови на организациите кои дејствуваат на локално и регионално ниво, Горан Лазаров од „Евротинк“ појасни дека истражувањата утврдиле дека е мала вклученоста на помалите граѓански организации, кои работат во локални рамки во подигањето на медиумската писменост и затоа идејата е со парите распределени од ЕУ за „КриТинк“ да се работи на подобрување на оваа состојба.

– Целта е да се зголеми побарувачката за квалитет и одговорност од страна на граѓаните до медиумите, тие да научат како да го читаат и следат медиумските содржини за да препознаваат дезинформации, и да ги проверуваат вестите од повеќе извори, на пример – појасни Лазаров.

Тој посочи и дека е битно притоа граѓанските организации да им помогнат на граѓаните и да ги обучат за да се обраќаат до надлежните медиумски тела, како што е Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (АВМУ), но и саморегулаторните тела на новинарството, за да пријавуваат дезинформации, манипулации и говор на омраза.

Условите за конкурирање и потребната документација може да се видат тука.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...