fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Аудио документарец на БиБиСи: „Докторка за лажни вести“

Светскиот сервис на БиБиСи објави аудио документарец на тема сајтови за лажни вести од Велес, Северна Македонија со наслов Doctor Fake News („Докторка за лажни вести“) во кој се потсетува дека прв медиум што објави официјални разговори со сопствениците на порталите за лажни вести беше агенцијата Мета.мк. “It’s easy to manipulate passionate people.” Welcome to Veles, North Macedonia, where fake...

Синиша Дедеиќ: Со дезинформациите власта во Србија прави симулација на реалноста

Синиша Дедеиќ е уредник во „Истиномер“, а дел од тимот на „ЦРТА“ е од 2010 година. Дедеиќ заедно со тимот на новинари на „Истиномер“, портал за јавна отчетност и транспарентност, внимателно ги следат, проверуваат и оценуваат ветувањата и изјавите на политичарите, дали се доследни во нивната политика и јавната комуникација и дали ја кажуваат вистината. Дипломирал на Факултетот за...

Манипулациите на „Ла Верита“ за „Рекет“се шират и во Албанија

Албанскиот портал „Syri.net“ (про-опозициски, десничарски медиум) објави подолг напис за последните случувања во Северна Македонија, поврзани со случајот „Рекет“, поконкретно, со објавените видео снимки од италијанскиот весник “Ла Верита”, а кој содржи и ретроспектива на поважните политички случувања во земјава во последните години. Па, така, порталот се навраќа и на настаните во 2015 година, односно во периодот на објавувањето...

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

Минатиот месец се појави нов тренд на ширење дезинформации на интернет сферата во Македонија: социјалните медиуми беа преплавени со линкови до написи стари една година промовирани преку реклами на Фејсбук и десничарски Фејсбук групи. Дел од овие написи првично биле објавени истиот месец, но пред една година. Ова може да упатува на обид да се доведат во заблуда читателите, кои...

Сензационализам и шпекулации во српски „Блиц“ – македонската влада демантира тајни врски и црни фондови меѓу Заев и Харадинај

Македонската влада демантира дека премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај имаат „тајни врски и црни фондови за потплатување на политичари во Брисел“, како што деновиве (06.08.2019) објави српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на неименуван извор, „дипломат од Приштина“. Владата во Скопје одговори на барањето на Мета.мк за коментар на наводите пласирани во српскиот весник „Блиц“, кои...

Асја Методиева: Западен Балкан пати од слаби медиумски системи и недостиг на транспарентност

Г-а Асја Методиева е докторанд на Централноевропскиот Универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, а ги истражува радикалните движења, со фокус на регрутирањето на странски борци. Нејзиниот труд “Russian Narrative Proxies in the Western Balkans” (Преносителите на рускиот наратив во Западен Балкан), којшто неодамна беше објавен од Германскиот Маршалов фонд на САД, го истражува растежот на антизападните/проруските наративи во Западен Балкан, анализирајќи...

Владата ќе иницира јавна дебата со сите засегнати страни за планот против дезинформациите

Владата со посветеност и внимание ја следи дебатата што се развива по најавата за подготовка за План за одлучна акција против ширење дезинформации, велат од таму. „Конструктивната дебата само потврдува колку е важна и суштинска потребата од подготовка на една таква сеопфатна иницијатива во која задолжително ќе бидат вклучени сите засегнати и сите заинтересирани страни, медиуми, организации, новинари и граѓани...

Бурни реакции по најавата за вклучување на владата во борбата против дезинформациите

Најавата на владата за отворање фронт против лажните вести и ширењето дезинформации преку социјалните мрежи и традиционалните медиуми предизвика лавина од реакции во јавноста. Опозицијата препозна намера за цензура на медиумите, а иницијативата на владата наиде на критики и повик за внимателност од страна на претставниците на медиумските организации. Веднаш по прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев (24.07.2019), на која тој...

ЗНМ: Дел од мерките во предлог- планот против ширење на дезинформации се проблематични

ЗНМ со внимателност ги следи чекорите на Владата во однос на промовирањето на Предлог- планот против ширење на дезинформации и првичната оценка содржи точки поради кои изразуваме загриженост, информираат од таму. „Од исклучителна важност, а со цел исклучување на сомнежи за злоупотреба на обврската на Владата да ја гарантира слободата на изразување е процесот на консултации за овие теми да...

Заев предлага план за заедничка битка против дезинформациите

Премиерот Зоран Заев, објавувајќи предлог-план за борба со дезинформации и лажни вести, на денешната прес-конференција посочи дека дезинформациите за земјава, покрај од дел од домашните медиуми, се шират и од страна на други држави.  „Република Северна Македонија во изминативе две години на повеќе наврати се има соочено со масовно ширење на дезинформации, како на социјалните мрежи, така и на традиционалните медиуми. Дел...

Владата со акциски план ќе се бори против дезинформациите и лажните вести

Дезинформациите се еден од главните предизвици на демократијата во 2019 година и се алатка која се користи за манипулација на граѓаните, мешање во изборни процеси и намалување на довербата на граѓаните во институциите и медиумите, рече денеска премиерот Зоран Заев претставувајќи го Предлог-планот одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата. „Република Северна Македонија во изминативе две години...

Грчки медиуми дезинформираат: И Меркел и АДАК употребуваат „Северна Македонија“

И Германија и Ангела Меркел и германскиот автомобилистички клуб АДАК, една од најголемите такви асоцијации во светот, во сите ситуации го користат името Северна Македонија, а не само Македонија, и тврдењето дека тоа не е така е ноторна невистина, пишува грчкиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Еllinika Hoaxes“ во нов напис посветен на дезинформација за...

Српски медиум со куп дезинформации за и околу Катица Јанева

Српскиот портал „Информер“ излезе со текст со кој уште во насловот ја дезинформира јавноста. Во гломазната насловна конструкција: „Аферата „Рекет" ја тресе Северна Македонија! "Падна" Боки 13, главниот обвинител под истрага, а сега се огласи и премиерот Зоран Заев!“, (AFERA "REKET" TRESE SEVERNU MAKEDONIJU! "PAO" je BOKI 13, glavna tužiteljka POD ISTRAGOM, a sada se oglasio i premijer Zoran Zaev!)...

Шебек: Добар виц би било дека главниот манипулатор, владата во Србија, се бори против дезинформации

Ненад Шебек е меѓународен консултант за медиуми и цивилно општество. Претходно Шебек работел како директор на Фондацијата Хеинрих Бол , а претходно портпарол на Регионалниот совет за соработка. Од 2002 до 2014 година работел и како Извршен директор на Центарот за демократија и обнова на Југоисточна Европа. Шебек пред тоа активно работел како новинар 26 години, од кои 16...

К’нев: Ромите, муслиманите и Македонците се најчеста мета на дезинформации во Бугарија

Красимир К’нев е еден од основачите и сегашен претседател на Бугарскиот хелсиншки комитет (БХК). Докторирал на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и специјализирал човекови права на  универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Покрај претседателствувањето со БХК, тој предава човекови права на „Свети Климент Охридски“, а предавал и на универзитетот во Пловдив „Пајсиј Хилендарски“, универзитетот во Сараево, Централноевропскиот универзитет и на универзитетот...

Срѓан Пухало: Во Република Српска дезинформациите доаѓаат преку јавните сервиси

Срѓан Пухало е доктор на психолошки науки во чие поле на интерес се политичката и социјалната психологија и истражувањата на јавното мислење. Тој е граѓански активнист, критичар на тековните состојби во Босна и Херцеговина и особено во Република Српска и редовен колумнист/блогер на порталот „Фронтал.ба“. „Мета.мк“ со Пухало разговараше за дезинформациите и за злоупотребата на медиумите во БиХ, посебно во...

Од „немирите во Скопје“ до џамијата во Охрид има 175 километри и 100 светлосни години

Со формулацијата „Немири во Скопје: Македонците прават нереди поради доаѓањето на турскиот претседател Ердоган“ српскиот портал „Дневно.рс“ пласираше крајно неумесен обид за да се привлечат што е можно повеќе читатели со бомбастичен наслов. Тој е ставен над една нормална статија, всушност пренесена вест од српската новинска агенција „Бета“ за посетата на амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара на...

Иван Георгиев: Во Бугарија речиси и нема борба против дезинформациите

Иван Георгиев е водител и репортер на една од најголемите телевизии во Бугарија, бТВ. Во последните неколку години известувал и имал емисии за некои од водечките настани во регионот, од тоа во значителен обем и во Македонија, како и во светот. Дипломирал новинарство на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и добитник е на бројни новинарски награди – меѓу нив...

Од чиста измислица до „таен документ“, демонизација на политичкиот противник и говор на омраза

Сатиричната колумна на авторот Џејсон Мико, инаку поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона и лобист во САД, платен од претходната македонска Влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, збунувачки и сензационалистички е објавена од низа портали во земјава, кои намерно или ненамерно не го сфатиле контекстот на напишаното и колумната ја претставиле како официјален документ испратен до македонската Влада. Со тоа се манипулира јавноста...

Од Каменос преку Сарадакос, Караџаферис и Шарл де Гол – патот на една дезинформaција

Поранешниот грчки министер за одбрана Панос Каменос, кој важеше за остар опонент на постигнување договор на Грција и Македонија за надминување на спорот за името, во многуте свои јавни истапи настапуваше остро против Македонија и против тоа новото име на земјава да го содржи зборот „Македонија“. Во еден обид да ги поткрепи своите тврдења, тој дури рекол и дека Велика...

Горивата од ноќеска поевтинуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати од вечерва се намалуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Бензините поевтинуваат за денар и половина, па од ноќеска на полноќ, бензинот...