fbpx

Заев предлага план за заедничка битка против дезинформациите

-

Премиерот Зоран Заев, објавувајќи предлог-план за борба со дезинформации и лажни вести, на денешната прес-конференција посочи дека дезинформациите за земјава, покрај од дел од домашните медиуми, се шират и од страна на други држави. 

„Република Северна Македонија во изминативе две години на повеќе наврати се има соочено со масовно ширење на дезинформации, како на социјалните мрежи, така и на традиционалните медиуми. Дел од дезинформациите биле споделувани и од териториите на други држави“, рече Заев. 

Поради тоа, премиерот најави активна соработка меѓу властите и организациите кои работат на проверка на факти (Fact checkers) „преку навремено и брзо одговарање на нивните прашања при проверка на фактите. 

Во објавениот план се предлага и изработка на регистар за утврдени и разобличени дезинформации и листа на медиуми, групи или поединци кои шират дезинформации. 

Најавена е и дискусија со медиумите од која треба да произлезе модел за поддршка за продукција на медиумски содржини на тема борба со дезинформации. 

Една од предложените мерки опфаќа и креирање на „Национална стратегија за медиумска писменост“ во која би требало да се вклучат сите активности од граѓанскиот сектор, медиумите и од државните институции на полето на медиумската писменост. Владата најави и поддршка и партнерство со граѓанскиот сектор во едукација за медиумска писменост на вработените во државната администрација. 

Фондацијата „Метаморфозис“, преку своите медиуми и проектни активности веќе осум години е активно вклучена во битката против дезинформациите.

Особено внимание во послениот период се обрнува на ширењето на дезинформациите во целиот регион. Поради тоа, „Вистиномер.мк“, агенцијата „Мета.мк“ и порталот на албански јазик „Порталб.мк“ работат на разобличување на дезинформациите во однос на земјата кои потекнуваат од земјите од регионот.

Инаку, порталот „Вистиномер.мк“ како платформа за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите и политичките партии работи уште од 2011 година, а годинава стана и првиот лиценциран член од Северна Македонија на Меѓународната мрежа за проверка на факти. 

Во моментов, Фондацијата „Метмаорфозис“ работи и на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој со поддршка од Европската Унија се спроведува во партнерство со „Евротинк. Тој ги комбинира овие искуства со унапредување на медумската писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.

Според истражувањето на словачкиот институт ГЛОБСЕК насловено како „Од онлајн бојно поле до губење на довербата?“, медиумите и онлајн заедниците „се единствени фактори кои играат клучна улога во спротивставувањето на дезинформациите во Македонија“.

Истражувањето посочува на потребата за соработка и координација меѓу медиумите, државните институции, граѓанскиот сектор и другите чинители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...