fbpx

Владата со акциски план ќе се бори против дезинформациите и лажните вести

-

Дезинформациите се еден од главните предизвици на демократијата во 2019 година и се алатка која се користи за манипулација на граѓаните, мешање во изборни процеси и намалување на довербата на граѓаните во институциите и медиумите, рече денеска премиерот Зоран Заев претставувајќи го Предлог-планот одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата.

„Република Северна Македонија во изминативе две години на повеќе наврати се има соочено со масовно ширење на дезинформации, како на социјалните мрежи, така и на традиционалните медиуми. Дел од дезинформациите биле споделувани и од териториите на други држави. Северна Македонија беше означена како земјата на лажните вести, откако во 2016 година се откри дека во Велес се водени голем број лажни веб-страници и фејсбук профили кои ширеа дезинформации во САД, за време на тамошните претседателски избори“, рече Заев.

Тој додаде дела предлог-акцискиот планот е сублимат на препораки во борбата со дезинформациите, изработен како резултат на следењето на мерките на Европската Комисија, Комитетот на експерти за квалитетно новинарство при Советот на Европа, преку членството во комитетот од страна на претставник на канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ, секторот за комуникации на НАТО, соработката за професионализација на комуникации и ПР со Британската влада, соработки со УСАИД, Европската мрежа за дигитална дипломатија поддржана од Стејт Департментот на САД, преку членството во управниот одбор на мрежата од страна на претставник на канцеларијата на премиерот и други.

Предлог-акцискиот план ќе биде ставен на дискусија на работни состаноци во институциите, како и на консултации со граѓанскиот сектор, медиумите и различни чинители во општеството, вклучувајќи ги и стратешките партнери на РСМ.

Акцискиот план вклучува два вида на мерки безбедносни и проактивни мерки. Безбедносните мерки, меѓудругото предвидуваат и „ревидирање на постоечките и креирање нови внатрешни безбедносни протоколи за комуникација во институциите и комуникација со надворешни субјекти, со цел намалување на можностите за протекување на сензитивни информации“

„Воведување безбедносен протокол за дигитални комуникации за сите државни службеници, за безбедно користење на интернет, службена електронска пошта, службен мобилен телефон итн. Зајакнување на внатрешната ИТ инфраструктура во Владата и министерствата и проверка на системот за контрола на мрежниот сообраќај, со цел навремено спречување на малициозен сообраќај и спречување на надворешни напади на инфраструктурата. Промена на телефонскиот број и мобилниот уред на премиерот како и имплементирање на безбедносен протокол за дигитални комуникации“, рече Заев.

Во проактивните мерки на Акцискиот план, Владата на својата веб-страна ќе објавува официјални одговори на прашања на медиуми и граѓани, за да се спречи извртување на официјалните ставови на Владата.

„Владата ќе формира Акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата, во која ќе бидат поканети да учествуваат претставници од канцеларијата на премиерот, претседателот, Собранието, Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, МВР, MO, МНР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенција за разузнавање и други, чија задача ќе биде анализирање и следење на појавите на дезинформирање на јавноста и координирање на борбата против ширење на дезинформациите“, рече Заев.

Владата исто ќе отвори дискусија со медиумите за утврдување модел на поддршка за продукција на медиумски содржини на тема борба со дезинформации, како и поддршка за едукативни програми и тренинзи наменети за медиумските работници со цел нивно професионално сензибилизирање во борбата со дезинформациите.

„Владата и институциите активно ќе соработуваат со сите организации и проекти кои работат на проверка на фактите (Fact checkers), преку навремено и брзо одговарање на нивните прашања, при проверката на фактите. Владата ќе иницира организациите кои се бават со проверка на фактите, да создадат регистар за утврдени и разобличени дезинформации и листа на изворите кои шират дезинформации.РСМ ќе поттикне соработка со  Европската Комисија и ќе побара вклучување  во системот за брзо предупредување за ширење на дезинформации (Rapid alert system), со цел размена на информации околу содржината и темите на кампањите за дезинформации низ Европа“, додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...