fbpx

Од чиста измислица до „таен документ“, демонизација на политичкиот противник и говор на омраза

-

Сатиричната колумна на авторот Џејсон Мико, инаку поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона и лобист во САД, платен од претходната македонска Влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, збунувачки и сензационалистички е објавена од низа портали во земјава, кои намерно или ненамерно не го сфатиле контекстот на напишаното и колумната ја претставиле како официјален документ испратен до македонската Влада. Со тоа се манипулира јавноста дека напишаното во документот е нечиј вистински став, пишува „КриТинк“.

Никој од медиумите или не ја проверил вистинитоста на „меморандумот“, или намерно е премолчен фактот дека станува збор за сатира, туку по принципот копи-пејст ја објавиле неговата содржина без притоа да дадат било каков вовед и контекст на напишаното, да понудат информации за авторот и да ја објаснат целта на документот. Со таквиот начин на објавување се оставаат читателите збунети со еден куп на прашања кои висат во воздух откако ќе се прочита содржината.

Забелешка на авторот: Погоре напишаното, се разбира, е сатира, напишано во стилот на К.С. Луис. Луѓето може да помислат дека е вистина поради фактот што е многу блиску до самата вистина.

Никој не го видел (или се направил дека не го видел ниту промотивниот твит на самиот автор постиран по повод објавувањето на колумната.

Манипулацијата кај медиумите, кои го објавиле ова, е зајакната со објавување на фотографија од првиот дел на наводниот официјален документ, кој, всушност, е измислен. Фотографијата не е ништо друго, туку отчукано и отпечатено парче картија кое што може да го направи секој. На неа нема никаков официјален амблем, лого од институција, печат, ниту пак, потпис, што јасно доведува до заклучок дека не станува збор за никаков официјален документ, туку за чиста измислица.

Целиот текст може да се прочита тука.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...