fbpx

На дезинформациите на Кремљ треба да се спротивставиме со точност

-

Брајан Витмор, постар истражувач и директор на Руската програма во Центарот за анализа на европските политики (ЦЕПА), истражувачки институт посветен на студии за Источна, Централна Европа и Русија, одржа виртуелно предавање, кое можеше да се следи во четири градови од Источна Европа: Букурешт, Киев, Подгорица и Скопје за справувањето со дезинформациите кои потекнуваат од Кремљ, како резултат на актуелните конфронтативни политики на Русија кон Западот и пошироко.

Витмор смета дека за разлика од западните демократии, каде што, пред сѐ, владеат правила на игра, преточени во легислатива, во Русија законите се на второ место зад моќта и парите. Затоа, вели тој, за да се разбере политиката на дезинформации на актуелното раководство на Русија, многу важно е да се запозне личноста и целите на рускиот претседател Владимир Путин.

Според него станува збор за личност која сака да ја врати империјата и кој никогаш нема да сопре во таа намера.

Корупцијата е она што Витмор го смета за многу важно и врз што треба да се обрати поголемо внимание за демократските земји да можат да се справат со режимот во Кремљ. Според него корупцијата е новиот комунизам која сега се користи како ефективно оружје за да се дестабилизира Западот.

За да се спротивставиме на сето ова Витмор го предлага да се засили нивото на отпорност дома, во нашите земји, да се надмине постоечката поларизација и ефикасно да се бориме против перењето на пари.

За борбата против дезинформациите, Витмор има два препораки: новинарите и медиумите да се фокусираат врз точноста и второ, да не навлегуваат во бесконечни раскринкувања на безбројните дезинформации кои излегуваат од Кремљ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...