И грчката и нашата јавност „бомбардирани“ со дезинформации за Договорот од Преспа

-

Патот до надминување на деценискиот проблем меѓу двете држави не беше лесен, а лажните вести беа моќна алатка на непријателите на Договорот од Преспа, порача министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната грчко-македонска конференција „Лажни вести за Договорот од Преспа“, која се одржува денеска во Атина.

На почетокот на настанот, во кој учествуваат и македонски новинари и претставници на граѓанското општество, министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас кажа дека грчкото општество е жртва на лажните вести, кои се хранат од национализмот. За грчката власт, Договорoт од Преспа е реалност и создаде нова политика во Европа, додека јавноста се хранеше со наплив на лажни вести, почнувајќи од најчестата дека „со договорот Грција се откажа и го предаде името Македонија“.

Како што истакна министерот Манчевски, патот до надминување на деценискиот проблем меѓу двете држави не беше лесен, а лажните вести беа моќна алатка на непријателите на Договорот од Преспа.

– Лажните вести и дигиталната пропаганда, секогаш имаат за цел да манипулираат со скриените стравови и основните инстинкти на граѓаните. Секогаш пренесуваат порака на национализам, поделба, борба, конфликт, силни емоции, омраза, етнички прашања… Таков беше случајот и со лажните вести кои се однесуваа на Договорот од Преспа. Основна форма на медиумска манипулација беше „нецелосното известување“, односно намерно неинформирање за клучниот факт дека на веб-сајтот на Владата кратко време по потпишувањето е објавен оригиналниот текст на договорот. Лажните вести, најчесто се базираа на селективно избрани сегменти од членови на договорот на кои им беа додавани нови значења преку шпекулации кои беа претставувани како факти – истакна министерот Манчевски.

Како што потенцираше тој, во периодот од 1 април 2018 до 15 март 2019 година објавени се вкупно 35.261 написи на македонски јазик и 13.995 на албански јазик. Анализите покажуваат дека во просек 10% од овие написи може да се вбројат во информации чија цел не е информирање на јавноста, односно имале за цел да презентираат неточни информации како факти.

Опозицијата од двете земји ги користи истите аргументи користејќи стереотипи и национализмот како плодна почва, рече портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос. Тој го обвини претходниот систем на Андонис Самарас од раните деведесети години на минатиот век, кој ги врати стереотипите и ги зацврсти како алатка, што обилно ја користеше изминатите години. Оваа алатка ја усвои сега сегашната опозиција предводена од Нова Демократија, рече тој.

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, оцени дека само вистината е алатката во борба против лажните вести.

Филип Стојановски, од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ги претстави нејзините проекти за борба против дезинформациите.

– Конференцијата е исклучително важен настан поради тоа што дава основа за соработка не само меѓу владите и други државни и јавни институции и медиумите, туку и затоа што можеби за прв пат на ова ниво се даде можност за синергии со искуствата на граѓанските организации. Пристапот на „Метаморфозис“ кој комбинира промоција на етичкото новинарство со проверка на факти и унапредување на медиумската писменост беше посочен како пример на сеопфатно работење. Се укажа дека дезинформациите за договорот од Преспа имаа плодна почва затоа што ги манипулираа емоциите на граѓаните од двете страни на границата, искористувајќи ги националистичките предрасуди кои се градени со децении – рече Стојановски.

По денешната посета на двајцата министри на Атина, следната седмица во Скопје доаѓа грчкиот премиер Алексис Ципрас, што е првата официјална посета на грчки премиер на земјава. Него ќе го придружува бројна делегација во која ќе има и бизнисмени.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...