fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Не е работа на војниците во Давос „да се погрижат елитата да нема контакт со обичните луѓе“

Владата на Швајцарија има одобрено да бидат назначени до 5 илјади трупи во Давос за време на конференцијата на СЕФ. Но, ова не значи дека сите пет илјади од нив ќе бидат испратени, ниту, пак, ќе учествуваат во спроведувањето на законот, кој што останува под надлежност на полицијата. Дополнително, нема докази дека елитата нема да има контакти со обичните...

Старо видео манипулира дека жена се онесвестила поради ковид вакцината

Жената што се онесвестува на видеото е Тања Ериксен, шеф во данската агенција за лекови, која на 14 април 2021 година заедно со Сорен Бростром, генералниот директор на данската здравствена управа, држи прес-конференција за да објават дека Данска го запира користењето на вакцината против ковид-19, АстраЗенека.  Иако во постот како виновник за оваа непријатна случка индиректно се посочува вакцината...

Не е точно дека Клаус Шваб и СЕФ повикуваат на декриминализација на педофилијата

Светскиот економски форум нема предложено иницијатива со којашто повикува на декриминализација на секс меѓу возрасни и деца, како што се тврди во постот и текстовите линкувани во него. Според портпаролот на организацијата, ваквите тврдења се комплетно измислени. Лажните тврдења потекнуваат од сајтот Њуз Панч, кој од поодамна промовира фабрикувани информации има објавено бројни стории базирани на теории на заговор,...

Не е точно дека породилното отсуство на мајката се крати од 9 на 5 месеци

Породилното отсуство за мајката не се крати туку тоа останува исто, со тоа што се дели на 5 месеци мајчинско и 4 месеци родителско отсуство. Таткото, исто така, добива право на 4 месеци родителско отсуство. Доколку таткото одлучи родителското отсуство да го користи откако ќе заврши родителското отсуство на мајката, тоа би значело дека детето ќе  биде под родителска...

Каква алтернатива ни е Русија со плата од 400 евра, земја на 136 место на листата на корупција, праша Претседателот Пендаровски

Исток или Запад? Таа дилема за претседателот Стево Пендаровски е непотребна. Какви решенија за сиромаштијата и корупцијата може да биде Русија, ако таму просечната плата е пониска од македонската, а корупцијата повисока. Со прашање одговори Пендаровски на тркалезната маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Клик бејт наслов манипулира дека на 13 јануари некои граѓани ќе добијат пари на сметките

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Во насловот што се споделува во постот, не е наведено дека станува збор за хороскоп, па се добива лажен впечаток дека на 13 јануари некои граѓани ќе добијат пари на нивните банкарски сметки, што не е точно. Дополнително, освен што од насловот не може да се види дека се работи за...

Со лажна наградна игра на Фејсбук се злоупотребува брендот на „Кока Кола“

Страницата од која се споделува невистинитата наградна игра нема други постови, нема официјални податоци за „Кока Кола“, нема други содржини, нема контакт адреса, ниту вообичаените маркетинг активности коишто „Кока Кола“ ги има на своите официјални комуникациски канали на социјалните мрежи. На официјалната Фејсбук страница на „Кока Кола“ која може да се погледне на следниот линк и таму нема...

ИТ експертот и хуманитарец Здравко од Србија, претставен како да е од С. Македонија

Постот е манипулативен, прикрива важни информации и создава погрешна слика во јавноста. Дури кога ќе се отвори написот којшто се споделува во објавата  читателот  може да разбере дека приказната ниту се однесува на Здравко од С. Македонија, ниту пак, фокусот е ставен на неговата невработеност, туку на неговата хумана работа.  Имено, Здравко Стакиќ е ИТ експерт од Нови Сад...

Во Мека на 1 јануари не паѓал снег

Според Националниот центар за метеорологија на Саудиска Арабија, видеото на кое се прикажува снег како паѓа во големата џамија во Мека, е дигитално изменето. Во твитот постиран на официјалната страница на Арабија временска прогноза, исто така, се вели дека видеото насловено како: „Првпат снег во Мека” е технички изменето со филтри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Твитер со нови отпуштања на вработени задолжени за онлајн безбедност

Десетици вработени кои модерираат содржини и го следат говорот на омраза се отпуштени од Твитер во најновото кратење на работните места од оваа компанија, пренесува Гардијан. Станува збор за вработени со седиште во Даблин и Сингапур, кои биле дел од тимот за доверба и безбедност задолжен за меѓународна модерација на содржината, како и единицата која го надгледува говорот на...

Преку лажна фотографија се манипулира дека министерката Петровска оди на фитнес и злоупотребува службено обезбедување

Објавата предизвика голем број негативни реакции и коментари во кои се омаловажува Петровска. Вистиномер ја провери веродостојноста на споделената фотографија преку апликацијата Тин ај и истата ја најдовме на Шутерсток, и тоа во повеќе верзии. Шутерсток е платфрома која нуди фотографии за продажба. Таму се потврди и дека фотографијата која е споделена во постот нема никаква врска со министерката за...

Фотографијата не е снимена на Месечината, туку на Земјата за време на тренинг

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и не се наведува дека фотoграфијата што се споделува воопшто не е снимена на Месечината, туку на Флорида, за време на вежби, односно тренинг пред мисијата воопшто да започне – во нејзината подготвителна фаза. Затоа и астронаутите, иако носат скафандери, на главите немаат шлемови. Станува збор за фотографија 72-H-249 на која е...

Смртта на Пеле и папата Бенедикт не е поврзана со ковид вакцините

Информацијата за смртта на папата Бенедикт дојде деновиве откако претходно папата Франциск побара од верниците да се молат за него, информирајќи дека е многу болен. Неговото здравје се влошуваше некое време. Точно е дека тој примил три вакцини против ковид-19, меѓутоа уште во 2021 година и тоа не може да се поврзе со неговата смрт. Фудбалерот Пеле бил целосно...

Морбилите се многу сериозна болест, а вакцините спасуваат животи

Наспроти тврдењето во постот дека морбилите (малите сипаници) не се болест, станува збор за многу заразна болест предизвикана од вирус. Според ИЈЗ оваа болест останува една од водечките причини за смрт кај малите деца на глобално ниво, и покрај достапноста на безбедна и ефикасна вакцина. Во врска со тврдењето дека оваа вакцина била  воведена кога смртноста од оваа инфекција...

Сатиричната новогодишна честитка не е на Ковачевски

Станува збор за сатира и фотомонтажа, ваков твит никогаш не бил објавен на официјалниот Твитер профил на премиерот Ковачевски. Вистиномер за ова се обрати во Владата и оттаму ни рекоа дека се работи за невистина, односно дека твитот којшто циркулира на социјалните мрежи и кој се споделува во  постот, никогаш не бил објавен на официјалниот твитер профил на премиерот, пишува...

Нема докази дека вакцините се штетни во бременоста

Пријавите во системот на ВАЕРС не може да се земаат и толкуваат како пријави за причинско последично поврзани со вакцината, како што тоа се прави во овој пост на Фејсбук . Само затоа што некој пријавил некаков несакан ефект – настан, не значи дека е докажано дека тој ефект го предизвикала вакцината, токму на тоа  предупредува и ВАЕРС во...

ТОП 5 појави на штетни странски влијанија во С. Македонија во 2022 година

Пропагандната машинерија на Кремљ доминира во ширењето на дезинформациите, но на хоризонтот се појавува и кинеската пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Русија води војна во Украина, но руската пропаганда води војна во целиот свет. Таа војна во 2022 година имаше различни цели. Примарна беше да ја соопшти „руската вистина за специјалната операција“. Неретко цел...

Не е вистина дека ќе ѝ ги донираме хеликоптерите на Украина

Објава на Фејсбук шири невистини дека нашата земја ќе ѝ донира хеликоптери на Украина. Вистиномер праша во Министерството за одбрана, од каде што ни одговорија дека „нема таква одлука и во овој момент не се размислува за таква донација“. Ваквата дезинформација се појави откако медиумите информираа дека државата потпишала договор со Чешка за ремонт на два хеликоптера. Но, во...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Митови за потрошувачка на електрична енергија

Штедењето на електрична енергија е добро за околината, но и за џебот на граѓаните, а особено во услови на енергетска и финансиска криза кога секој заштеден киловатчас е значаен. Не секој човек размислува за придобивките од енергетската ефикасност, што води кон тоа луѓето да не се добро информирани кога во прашање е потрошувачката на струја. Изминативе години се појавија бројни...

Фотошопирана фотографија од Зеленски, Бајден и првата дама на САД стана вирална на социјалните мрежи

Oваа објава е невистинита, виралната фотографија на којашто е прикажано дека американскиот претседтел Џо Бајден, наводно, ја ставил раката на задникот на Зеленски е дигитално изменета. Станува збор за манипулирана верзија на официјална фотографија споделена од новинарскиот тим на Белата куќа, на којашто се гледа како првата дама Џил Бајден и нејзиниот сопруг го допираат Зеленски на грбот, со рацете...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...