fbpx

Клик бејт наслов манипулира дека на 13 јануари некои граѓани ќе добијат пари на сметките

-

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Во насловот што се споделува во постот, не е наведено дека станува збор за хороскоп, па се добива лажен впечаток дека на 13 јануари некои граѓани ќе добијат пари на нивните банкарски сметки, што не е точно. Дополнително, освен што од насловот не може да се види дека се работи за хороскоп, самата објава е илустрирана со македонски денари, што ги наведува граѓаните да кликнат на содржината и да проверат дали се меѓу оние среќници на кои на „13 јануари ќе им легнат пари на сметките“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува напис од портал со наслов:

БЛАЗЕ СИ ВИ – На 13 jaнуари на овие луѓе ќе им легнат пари на сметките.

Но, кога ќе се пристапи до објавата, се доаѓа до обичен хороскоп за сите знаци од зодијакот. Во делот за знакот стрелец пишува:

Од 13 јануари на повидок е финансиска придобивка која ќе ја смири тензијата која трае веќе извесно време.

Па само врз основа на овој пасус, којшто се однесува за еден знак од зодијакот, односно базирано на најобична хороскопска прогноза, на јавноста намерно ѝ е сервиран клик бејт наслов. 

Самата конструкција на насловот во којшто со сигурност се најавува дека некои луѓе на 13 јануари ќе добијат пари на сметките, асоцира на некаква исплата од државни фондови или некаква добивка од наградна игра или нешто слично. Но, станува збор за обичен хороскоп, односно предвидување.

Дополнително, освен што од насловот не може да се види дека станува збор за хороскоп, самата објава е илустрирана со банкноти од македонски денари, што ги наведува граѓаните да кликнат на содржината и да проверат дали се меѓу оние среќници на кои на „13 јануари ќе им легнат пари на сметките“.

Поради сето ова постот што го рецензираме го оценуваме како пост во кој се пропушта контекстот. Во насловот што се споделува во постот, не е наведено дека станува збор за хороскоп, па се добива лажен впечаток дека на 13 јануари некои граѓани ќе добијат пари на нивните банкарски сметки, што не е точно. Необележувањето дека станува збор за хороскоп во насловот, го прави клик бејт наслов

Клик бејт наслов, инаку, е сензационалистички наслов којшто ве охрабрува да кликнете на линк до статија, фотографија или видео. Наместо во таа статија да се презентирани објективни факти, насловите на клик бејт содржините честопати се насочени кон вашите емоции и љубопитност. Ваквите содржини се од сомнителен квалитет и со сомнителна точност. Некои сајтови на интернет ги користат клик бејт насловите за да привлечат што е можно поголем број на кликови на нивниот сајт, зголемувајќи го на ваков начин својот профит од реклами.

Кога сајтовите користат клик бејт, тие типично се насочени да добијат кликови, а не се заинтересирани за квалитетот на споделената содржина. Ова значи дека не се загрижени дали на читателот ќе му го потрошат времето со вакви содржини.

Овој начин на привлекување на кликови вообичаено е безопасен, со исклучок на тоа што е иритирачки, но клик бејт новинарството може да стане опасно кога е комбинирано со лажни вести. Она што им дозволува на клик бејт содржините да живеат на интернет, е тоа што 6 од 10 луѓе (според оваа студија објавена во Вашингтон пост) споделуваат наслови без да го прочитаат текстот.

Клик бејт наслови може да се пронајдат речиси секаде на интернет, што ги прави тешки за избегнување. Вообичаено може да се препознаат преку насловот или сликите, но не секогаш. Понекогаш е тешко да се увиди разликата меѓу кликбејт и легитимен наслов. Има неколку заеднички елементи користени во клик бејт содржините, како неодредени наслови на пример.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...