Не е работа на војниците во Давос „да се погрижат елитата да нема контакт со обичните луѓе“

-

Владата на Швајцарија има одобрено да бидат назначени до 5 илјади трупи во Давос за време на конференцијата на СЕФ. Но, ова не значи дека сите пет илјади од нив ќе бидат испратени, ниту, пак, ќе учествуваат во спроведувањето на законот, кој што останува под надлежност на полицијата. Дополнително, нема докази дека елитата нема да има контакти со обичните луѓе на состанокот во Давос, а уште помалку, пак, улогата на армиските трупи е „да се погрижи елитата да нема никаков контакт со обичните луѓе“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува напис од медиум и се тврди:

13.01.2023 Швајцарската армија ќе распореди 5.000 војници за да ги заштити глобалистичката елита кои се собираат на самитот на Светскиот економски форум во Давос и да се погрижи елитата да нема никаков контакт со обичните луѓе.

Во пресрет на подготовките за годишната конференција на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, во мноштво постови меѓу кои и овој што го рецензираме, се тврди дека еден куп војници биле испратени во Давос за да ги надгледуваат подготовките. Во конкретниот пост се вели дека 5 илјади војници ќе бидат распоредени во Давос за да ги „заштитат глобалистичките елити“ и „да се погрижат тие да немаат никаков контакт со обичните луѓе“.

СЕФ е мета на теории на заговор веќе подолго време. Организацијата е основана во 1971 година од Клаус Шваб, за кого се плетат разни невистинити приказни, дел од кои Вистиномер веќе ги има рецензирано.

Како што пишува Њузвик, најновото тврдење дека 5 илјади трупи ќе се испратат за заштита на СЕФ е тврдење во кое се пропушта контекстот. Федералната влада поставила максимум од 5 илјади војници кои што ќе служат во поддршка за време на годишната конференција, која трае во Давос од 10 до 26 јануари. Во известување на страницата на вооружените сили на Швајцарија, овие безбедносни активности не се нови, и претходно биле одобрувани за состаноци на СЕФ.

Исто така, максимум од 5 илјади војници се назначени (одобрени), но не се задолжително и распоредени во Давос.

Во 2023 година, вооружените сили уште еднаш ќе ги поддржуваат цивилните власти во кантонот Граубунден во изведувањето на безбедносни задачи поврзани со годишниот состанок на СЕФ, се вели во соопштението.

Дополнителни информации, според проверувачите на Њузвик, се тоа што овие сили од армијата ќе имаат повеќе задачи вклучително и заштита на објекти лица и воздушниот простор, обезбедување на логистичка поддршка и координација на медицински услуги.

Вооружените сили немаат улога во услугите за спроведување на законот, кои се во одговорност на полицијата. Војниците ги извршуваат своите мисии во согласност со наредбата за полициски овластувања на вооружените сили, пишува Њузвик.
Владата на Швајцарија има одобрено да бидат назначени до 5 илјади трупи во Давос за време на конференцијата на СЕФ. Но, ова не значи дека сите пет илјади од нив ќе бидат испратени, ниту пак, ќе учествуваат во спроведувањето на законот, кој што останува под надлежност на полицијата. Дополнително, нема докази дека елитата нема да има контакти со обичните луѓе на состанокот во Давос, а уште помалку, пак, улогата на армиските трупи е да се погрижи елитата „да нема никаков контакт со обичните луѓе“. Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овој пост се пропушта контекстот.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...