fbpx

Сатиричната новогодишна честитка не е на Ковачевски

-

Станува збор за сатира и фотомонтажа, ваков твит никогаш не бил објавен на официјалниот Твитер профил на премиерот Ковачевски. Вистиномер за ова се обрати во Владата и оттаму ни рекоа дека се работи за невистина, односно дека твитот којшто циркулира на социјалните мрежи и кој се споделува во  постот, никогаш не бил објавен на официјалниот твитер профил на премиерот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во којшто се споделува новогодишна честитка којашто, наводно, премиерот Димитар Ковачевски ја напишал на својот официјален Твитер профил.

Во честитката споделена во постот кој го рецензираме се вели:

Среќна Нога Водина! 

Меѓутоа, станува збор за сатира и фотомонтажа, односно ваков твит никогаш не бил објавен на официјалниот Твитер профил на премиерот Ковачевски.

Твитер страницата на претседателот на Владата, Ковачевски може да се погледне на следниот линк.

Последниот негов пост во времето на пишувањето на оваа рецензија, е за положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров. Пред тој твит, има два твита кои се однесуваат на честитањето на новогодишните празници. Првиот гласи:

Почитувани граѓани, Среќна Нова Година! Вам и на вашите семејства ви посакувам многу здравје, среќа, убави моменти и успех во новата 2023 година.

Годинава пред нас, со ваша поддршка драги сограѓани, продолжуваме посветено да работиме.

Среќни празници, да сте живи и здрави!

Претходно има уште една објава од Твитер профилот на премиерот Ковачевски со следната содржина:

Среќни Новогодишни и Божиќни празници! Јас и моето семејство ви посакуваме многу радост, добро здравје и спокој. Сигурен сум дека наредната година нашата држава ќе продолжи да напредува и да ги остварува целите. Среќни празници, да сте живи и здрави!

Оваа објава е од 30 декември 2022 година и проследена е со видео материјал.

Вистиномер се обрати во Владата во врска со постот што го рецензираме и оттаму ни рекоа дека станува збор за невистина, односно дека твитот којшто циркулира на социјалните мрежи и кој се споделува во  постот, никогаш не бил објавен на официјалниот твитер профил на премиерот. Станува збор за фотомонтажа.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како сатиричен. Според коментарите оставени под објавата, евидентно е дека голем дел од граѓаните помислиле дека навистина станува збор за твит објавен од Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...