Не е точно дека Клаус Шваб и СЕФ повикуваат на декриминализација на педофилијата

-

Светскиот економски форум нема предложено иницијатива со којашто повикува на декриминализација на секс меѓу возрасни и деца, како што се тврди во постот и текстовите линкувани во него. Според портпаролот на организацијата, ваквите тврдења се комплетно измислени. Лажните тврдења потекнуваат од сајтот Њуз Панч, кој од поодамна промовира фабрикувани информации има објавено бројни стории базирани на теории на заговор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Според Клаус Шваб и Светскиот Економски Форум, светот ќе го спасат педофилите.

Во постот се споделува линк до сајтот Њуз панч.

Во тој текст, пак, споделен над 8 илјади пати, се тврди дека контроверзна иницијатива била промовирана од страна на Клаус Шваб и Светскиот економски форум во Давос,  која „повикува на декриминализација на секс со деца“ и според која „законите против педофилијата ги загрозуваат човековите права”. Слична верзија на напишаното, во постот се споделува и на хрватски јазик.

Постот е невистинит, исто како и текстовите линкувани во него. Овие лажни тврдења потекнуваат од вебсајт којшто е познат по објавувањето дезинформации. Светскиот економски форум нема предложено иницијатива каква што се споменува во постот, ниту, пак, повикува на декриминализација на секс меѓу возрасни и деца. Според портпаролот на организацијата, целиот текст е комплетно исфабрикуван, односно измислен.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, лажните тврдења потекнуваат од сајтот Њуз Панч, кој е извор и во постот рецензиран од Вистиномер. Овој сајт од поодамна промовира фабрикувани информации и има објавено бројни стории базирани на теории на заговор.

Во текстот на Њуз Панч, без никакви докази или извори се тврди дека претседателот на СЕФ, Клаус Шваб ја нарекол педофилијата „дар на природата за човештвото“. Исто така, лажно се тврди дека истражувачки документ презентиран на форум во Давос, Швајцарија, ја опишувал педофилијата како „обид на природата да ја исчисти земјата и да го спаси човештвото од себеси самото“.

Јан Зопф, лице за односи со јавноста на СЕФ, вели дека овие тврдења се комплетно измислени.

Ова е секако, комплетно измислено. Потврдувам дека Светскиот економски форум никогаш нема изнесено вакви тврдења и дека никогаш не продуцирал таков документ,вели Зопф за Асошиејтед Прес.

Тој додава дека и цитатот кој му се атрибуира на Шваб, исто така, е фабрикуван. На сајтот на СЕФ нема никакво споменување на што било поврзано со слична тематика, ниту пак, е презентиран односно јавно достапен ваков документ. Дисклејмер под текстот на Њуз Панч предупредува дека нивните содржини може да не се точни и дека може да не се веродостојни.

Лажната информација е објавена во пресрет на подготовките на СЕФ за годишниот состанок во Давос во текот на овој месец.

Вистиномер и претходно има пишувано за низа дезинформации коишто го вклучуваат Светскиот економски форум. Во една од нив со погрешно контекстуализирање, се направи обид да се презентира исечок од телевизиската серија Утопија, како да е реклама на СЕФ против наталитетот.

Потоа лажно се тврдеше дека Светскиот економски форум поттикнувал евтаназија на домашни миленици преку иницијатива.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Скенирајте ги вашите зеници и докажете дека сте човек – новата дигитална борба за идентитет

Дали сте робот? Сигурно досега многупати се имате сретнато со ова прашање кога пристапувате до некој сајт или социјална мрежа. Ваквиот филтер познат како reCaptcha на „Гугл“ го користат многу сајтови...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Скенирајте ги вашите зеници и докажете дека сте човек – новата дигитална борба за идентитет

Дали сте робот? Сигурно досега многупати се имате сретнато со ова прашање кога пристапувате до некој сајт или социјална мрежа. Ваквиот филтер познат како reCaptcha на „Гугл“ го користат...