fbpx

Каква алтернатива ни е Русија со плата од 400 евра, земја на 136 место на листата на корупција, праша Претседателот Пендаровски

-

Исток или Запад? Таа дилема за претседателот Стево Пендаровски е непотребна. Какви решенија за сиромаштијата и корупцијата може да биде Русија, ако таму просечната плата е пониска од македонската, а корупцијата повисока. Со прашање одговори Пендаровски на тркалезната маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Како што рече, за него е неспорно каде припаѓаме и каде треба и формално да бидеме членки.

Меѓутоа за оние што се колебаат, а бројката на луѓе што ја поставуваат таа дилема последниве години расте, за жал. Прашањето е дали Истокот, пред сè Руската Федерација, нуди решенија за нашите најголеми проблеми – нискиот животен стандард односно сиромаштијата, еве податок од јануари 2022, точно пред една година. Официјалниот статистички податок на Руската Федерација е дека во јануари минатата година просечната плата во Русија е 400 евра, ние во тој момент имаме официјално просек од 440 евра. За која алтернатива зборуваме, а зборуваме за најгорливите животни проблеми на граѓаните, не зборуваме за виша политика?! Во делот на корупцијата последниот извештај на „Транспаренси интернешнл“ ја класификува Русија на 136. место од 180 држави кои се анализирани, ние сме на 87. Место. Сите други држави од Западниот Балкан се подобри во делот за перцепција на корупцијата од Руската Федерација – за каква алтернатива зборуваме?!“, праша Пендаровски.

Тој додаде дека дури и тие три-четири земји членки на ЕУ, кои заостануваат во некои индикатори се неколку класи повисоки од тоа што го има овој Исток.

Зборувајќи за индексот на демократија, македонскиот претседател рече дека пандемијата и војната во Украина само ги изострија трите најголеми проблеми, а тоа се сиромаштијата, невработеноста и масовните миграции. Но, карактеристично за Северна Македонија и регионот, како што рече Пендаровски, е соочувањето со еден специфичен проблем, а тоа се кампањите на дезинформации

-Посебен проблем предизвикан кај нас и во регионот е што бележиме експлозија на кампањи на дезинформации и на конспиративни теории, што е проблем и кај нас и во регионот. Ги имавме и претходно, но сега се на поголем степен изразени. И тоа што е проблем е што овие кампањи ги следат прилично етничките линии. Во овој дел постои една потспецифика. Русија по 24 февруари (почетокот на војната во Украина н.з.) не настапува со зголемен обем или интензитет на дезинформации, затоа што се преокупира на глобално ниво за да ја контрира глобалната кампања што Западната алијанса ја прави кон нив, значи ресурсите им се таму распоредени. Но, кај нас ефектите се полоши отколку претходните години, затоа што подлогата за антизападната реторика кај нас беше веќе поставена и во традиционалните медиуми и на социјалните мрежи, кажа Пендаровски.

За претседателот Пендаровски јасна е определбата кон Запад, но анкетите покажуваат дека поддршката за членство во Европската Унија опаѓа од различни причини, посебно кај етничките Македонци и укажа дека постоењето на дивергентни ставови за важни прашања во надворешната политика, што пак на оние во позиција да решаваат, им е тешко да ги менаџираат одлуките. Има геостратешка логика кај Европската Унија, со фактот што веќе додели кандидатски статус на Украина и на Молдавија, додека за Западен Балкан покажа дека стабилноста и’ е пред евроинтеграциите. Според Пендаровски, безбедносната компонента се враќа на голема врата, за прв пат по последните балкански војни од 90-те години на минатиот век и прашањето е дали е тоа диктирано од ургентноста на Украина или е трајната определба на ЕУ.

 

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...