понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Dezinformacii | 101 резултати

Фотографија стара 20 години фабрикувана како да прикажува маска со Зеленски на карневалот Виареџио

9 март 2023

Не е точно дека маска-фигура која го претставува украинскиот претседател Зеленски онака како на фотографијата од постот што се споделува на Фејсбук, некогаш се појавила на карневалот Виареџио. Станува збор за компјутерски изменета фотографија. Оригиналната фотографија е направна во март 2003 година на карневалот во Диселдорф и на неа се гледа маска која ја прикажува […]

Манипулација: Изјава на Зеленски во која зборува за хипотетичка ситуација, извадена од контекст

7 март 2023

Во постот што го рецензираме надвор од контекст е извлечена само една реченица од која погрешно се интерпретира она што украинскиот претседател Володимир Зеленски го кажа на прес-конференцијата на годишнината од воената инвазија на Русија врз Украина. Од целиот одговор на Зеленски на прашањето на новинарот на Еј Би Си Њуз, што би им порачал […]

Жените во Украина доброволно одат во воена служба

23 февруари 2023

Постот дезинформира дека НАТО ја турка Украина да се бори до последниот Украинец. Ова е потценувачки наратив за илјадниците војници во Украина, како и за патриотските и одбранбени дејства коишто тие ги спроведуваат бранејќи се од руската агресија. Не е точно ниту дека снемало мажи, па Зеленски „испраќа жени да бидат убивани на фронтот“. Жените одат […]

Не е точно дека Украина регрутира 17-годишни деца и дека ја намалила границата на 16 години

17 февруари 2023

Нема никакви докази за тврдењата оти Украина испраќа деца на воениот фронт да се борат против Русите. Ваквите тврдења се произволни и неосновани. Законот за воена служба на Украина забранува регрутација на лица под 18 години. Членот 15 од Законот за воена служба на Украина вели дека единствените лица на кои ова се однесува се „Украинските […]

Турција не решила да излезе од НАТО и конзулатите не беа затворени поради земјотресот

15 февруари 2023

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Неточно се тврди дека земјотресот е произведен геолошки напад, дека повлекувањето на дипломатите било поради земјотресот и дека Турција решила да излезе од НАТО. Што се однесува на невистинитите за ковид вакцините и пандемијата кои ги споменува сенаторката Дијана Ловановици, истите Вистиномер ги има дебанкирано повеќепати, пишува […]

Русија не го прогласи доларот за невалидно платежно средство

14 февруари 2023

Се пропушта контекстот кога се тврди дека Русија го прогласила доларот за невалидно платежно средство.Во Русија има недостаток на долари во кеш, поради што го има ограничено лимитот на долари коишто може да се вадат од банките. Инаку,  во Русија и пред воената инвазија платежната валута што можеше да биде користена во платниот промет беше рубљата, […]

Наративот кој има за цел да создаде анти-НАТО и анти-ЕУ расположение на Косово

13 февруари 2023

Фотографија од филмот „Тврдина на војната“, во која може да се види мало девојче во близина на нејзината убиена мајка, е споделено во неколку објави на Фејсбук и Твитер, и истата се поврзува со бомбардирањето на НАТО во поранешна Југославија. Во објавите лажно се пишува дека фотографијата е направена за време на бомбардирањата на НАТО, […]

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не дозволуваат напад на Русија врз Украина

10 февруари 2023

Текстот на Повелбата на ОН содржи сосема спротивни принципи од она што се тврди во објавата на Фејбук. Не е точно дека Русија може да ја нападне Украина и дека само треба да ги извести победничките сили од Втората светска војна за таквиот чекор. Оваа дезинформација не потекнува од С. Македонија, туку претходно се споделувала […]

Не е вистина дека земјотресот во Турција не е природен

8 февруари 2023

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер ја погоди јужна Турција рано во понеделникот, предизвикувајќи големи штети и убивајќи илјадници луѓе таму и во соседна Сирија. На социјалните мрежи набргу по земјотресот се ширеа теории на заговор дека тој не бил предизвикан од природата. Таква е и објавата што е предмет на оваа рецензија, […]

Дезинформaциски бран во јануари: Руското влијание во спорот меѓу Софија и Скопје

2 февруари 2023

Последното затегнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и (не)видливата руска рака во процесот на ескалација на односите, се покажа дека е доминантен тренд на дезинформациите што кружеа во македонскиот (но и во бугарскиот) информативен простор во јануари 2023 година. Освен ова продолжува трендот на дезинформации преку руски наративи околу агресијата на Украина, иако […]

На експлицитната фотографија не е германската министерка Бербок

2 февруари 2023

Во постот неточно се тврди дека експлицитна фотографија ја прикажува германската министерка Бербок. На експлицитната фотографија е прикажна друга девојка, а оваа невистината објава се користела во поголема кампања со дезинформации насочени кон Бербок уште пред две години, кога таа беше кандидат на Зелената партија да ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар, пишува „Вистиномер“ […]

Објава на социјалните мрежи манипулира за девизните резерви на Русија

23 јануари 2023

Во објавата се тврди дека за неколку дена резервите на руската Централна банка пораснале за 4,5 милијарди долари и дека таа во јануари имала девизни резерви во висина од 582 милијарди долари.  Она што е прескокнато да се каже во оваа објава е дека повеќе од половина од овие средства Русија не може да ги […]

Што објавувал Македонецот Тодоровски, кого Грозев го обвини за ширење руска пропаганда во медиумите

16 јануари 2023

И покрај тоа што не е афирмиран новинар во земјава, Тодоровски успеал дури трипати да биде поканет од Русија да оди на „прес тури” во Украина, од каде потоа неговите согледувања и репортажи завршиле во македонските и во бугарските медиуми. Преку неговите извештаи од разни конференции со антизападни наративи, суптилно биле пренесувани ставови коишто одат […]

Ксенија од Русија се преселила во Србија, не во С. Македонија

14 јануари 2023

Постот преку насловот на текстот, во кој нагласува дека Ксенија од Русија се преселила „овде“, создава погрешна слика кај читателите дека таа дошла во С. Македонија. Иако, Русинката со своето семејство се доселила во Србија што може да се види во содржинскиот дел на написот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во […]

Војната во Украина, заканите за бомби и анти-НАТО реторика – главни дезинформациски наративи во декември

1 јануари 2023

Дезинформациските наративи во декември забележани во медиумскиот простор во земјава, а кои се поврзани со странски влијанија и натаму во најголем број се поврзани со агресијата на Русија врз Украина, при што новина е тезата дека енергетското уништување на украинскиот електро-енергетски систем е нужност за да се дошло побрзо до мирот. На домашниот простор, покрај […]

Џо Бајден не се заколнал дека за Албанците ќе уништува држави

29 декември 2022

Иако новинарството во основа е благородна професија која има за цел правилно и професионално да ја информира јавноста, често се случува од одредени причини да се излезе надвор од новинарската етика. Дигитализацијата и интернетот доведоа уште повеќе до кршење на професионалната етика, па така секој ден гледаме се повеќе „онлајн“ медиумски содржини кои имаат за […]

Не е точно дека претставници на Европскиот парламент го газат знамето на Донецката Народна Република

15 декември 2022

Оваа информација e објавена на 8 декември годинава, на Јаху Њуз. Луѓето кои го газат знамето воопшто не се претставници на Европскиот парламент, а видеото е снимено месеци по почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, така што ова видео не би можело да биде една од причините за инвазијата, спротивно на она што […]

Симболот на елката во Латвија нема корени во нацизмот, туку во латвискиот фолклор

10 декември 2022

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Иако симболот на божиќните украси изгледа како нацистичка свастика, станува збор за огнен крст (ugunskrusts) којшто има потекло од латвискиот фолклор и историја. Националната енциклопедија на Министерството за култура на Латвија, објаснува дека иако симболот може да има контроверзна интерпретација, сепак се темели на латвиската митологија. На […]

„e-Општество.мк“: Борбата против дезинформации се води со транспарентни институции, активни медиуми и граѓанско општество

7 декември 2022

За да се минимизираат негативните ефекти на дезинформациите врз демократијата, против нив мораме да се бориме зеаднички. Затоа потребно е институциите да бидат транспарентни, медиумите и граѓанското општество активно да работат на нивно проверување и обелоденување, а воедно треба да се почне и со медиумска едукација за критичко размислување, пишува Порталб.мк. Ова, меѓу другото, беше […]

Не е сеедно кој ја дава наградата

5 декември 2022

Некритичкиот однос на индивидуи, институции и невладини организации кон доделувањето разни награди поврзани со Руската Федерација, на што се надодава и посебно неаналитичкиот, па дури и дезинформациски пристап на медиумите при споделувањето на информациите за истите, може да има долготрајни и многу сериозни последици врз перцепцијата на граѓаните на руската агресија врз Украина, меѓутоа и […]

Страна 2 од 5