fbpx

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не дозволуваат напад на Русија врз Украина

-

Текстот на Повелбата на ОН содржи сосема спротивни принципи од она што се тврди во објавата на Фејбук. Не е точно дека Русија може да ја нападне Украина и дека само треба да ги извести победничките сили од Втората светска војна за таквиот чекор. Оваа дезинформација не потекнува од С. Македонија, туку претходно се споделувала и ширела во други држави. Па така, проверувачи на факти од Германија (Коректив.орг) веќе детално ја имаат обработено на 31 октомври 2022 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека „членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН дозволуваат Русија како правен наследник и победник во Втората светска војна да ги преземе сите мерки вклучително и воени дејствија, против Германија, Унгарија, Австрија, Романија, Бугарија, Финска, Хрватска, Словенија, Чешка, Латвија, Естонија, Литванија и Украина”.

Во објавата пишува:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш беше изненаден што Путин знаеше дека постои овој напис во книгата на ОН што му дозволува да ја води оваа руска специјална операција во Украина. Најголемиот геноцид беше извршен врз советскиот народ. Повелбата на ОН, член 106 и 107, им дозволува на оние кои биле поразени во Втората светска војна, имено на СССР, САД, Велика Британија и Кина, право да преземат каква било акција против земјите што се борат против нив, со цел да се избегнат дејствија кои го повторуваат резултати на Другиот. Поточно, употребата на воена сила е дозволена против овие држави. Доволно е да ги забележат другите три земји, но не треба да добивате нивно одобрение. Русија е потомок на СССР и како последица – РУСИЈА ИМА ПРАВО ДА ГИ КАЗНИ НАЦИСТИ ВО СИТЕ ДЕЛОВИ НА СВЕТОТ (како што е напишано во книгата на ООН).

Дали членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН дозволуваат Русија да почне агресивна војна против Украина? Краткиот одговор е не, односно таквото тврдење е невистинито. Текстот на Повелбата на ОН содржи сосема спротивни принципи на она што се тврди во објавата што е предмет на оваа рецензија. Не е точно дека Русија може да ја нападне Украина и дека само треба да ги извести победничките сили од Втората светска војна за таквиот чекор.

Оваа дезинформација не потекнува од С. Македонија, туку претходно се споделувала и ширела во други држави. Па така, проверувачи на факти од Германија (Коректив.орг) веќе ја имаат обработено на 31 октомври 2022 година.

Повелбата на Обединетите нации е потпишана во 1945 година во Сан Франциско од страна на 50 држави. Во овој основачки договор во членот 39 пишува дека Советот за безбедност на ОН одредува „дали постои закана или нарушување на мирот или акт на агресија; дава препораки или одлучува какви мерки треба да се преземат врз основа на членовите 41 и 42, со цел да се одржи или обнови меѓународниот мир и безбедност“.

Советот за безбедност има пет постојани членки со право на вето: Франција, Русија, Велика Британија, САД и Кина. Има уште десет непостојани членови. Следствено, Русија не може сама да одлучува, пишува Коректив.орг.

Покрај тоа, Украина не беше непријателска држава, туку напротив, една од државите основачи на ООН и дел од Советскиот Сојуз.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг, најважното тело за јурисдикција на Обединетите нации, веќе во март 2022 година побара Русија веднаш да ја прекине нелегалната интервенција врз Украина.

Извештаите за кршење на човековите права од страна на руските вооружени сили во текот на војната против Украина, исто така, доведоа до последици во ОН: Генералното собрание гласаше за ова во април минатата година, за да ја исфрли Русија од Советот за човекови права на ОН. Со 93 гласа „за“, 24 „против“ и 58 воздржани, собранието ја суспендираше Русија поради „грубо и систематско кршење на човековите права“ и „кршење на меѓународното право извршено против Украина“.

Членот 107 се однесува на мерки кои се преземаат како резултат на Втората светска војна против ‘непријателските држави’. Комитет на ОН веќе во 1995 година предложил да се избришат клаузулите за „непријателски земји“, вклучително и членот 107 од Повелбата. Комитетот извести дека овој член е непотребен, поради тоа што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која се сметала за непријателска за време на Втората светска војна, сега е членка на ОН.

Затоа, клаузулата за непријателските земји денеска веќе нема никаква практична релевантност, се вели во документ од Бундестагот.

Патрик Роузнау од ,,Германско општество за Обединетите нации” за проверувачите на факти на Коректив исто така потврдил дека членот 107 не е веќе релевантен.

 

Што содржи член 106 од Повелбата на ОН?

Со оглед на тоа што членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН датираат од основачките денови на Обединетите Нации, во членот 106 се вели дека „страните во оваа декларација” треба да се во контакт една со друга ако треба да се преземат конкретни мерки за зачувување на мирот. Оваа мерка треба да се применува до моментот кога ќе почне да работи Безбедносниот совет. Тоа не значи дека денеска, во случај на напад на друга држава, Русија „само треба да ги извести трите победнички држави”, како што се вели во објавата што е предмет на оваа рецензија.

Безбедносниот совет веќе долго време ги спроведува своите должности.

Патрик Роузнау од Германско општество за Обединетите нации (асоцијација која се занимава со политиките на ОН) за Коректив вели дека пет постојани земји членки на Советот за безбедност имаат специјална одговорност за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

Во оваа смисла, членот 106 претставува само транзиционен договор, кој веќе не е релевантен, бидејќи Безбедносниот совет одлучува за мерки за одржување на мирот, изјавува Роузнау за Коректив.

До слични сознанија дојдоа и проверувачите на факти на Веридика.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН дозволуваат Русија да ја нападне Украина.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата одлучи професионалните возачи побрзо да добијат пасоши

Министерот за транспорт и врски денеска по владината седница се пофали дека владата донесе одлука за воспоставување на брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи. Како...