fbpx

Ксенија од Русија се преселила во Србија, не во С. Македонија

-

Постот преку насловот на текстот, во кој нагласува дека Ксенија од Русија се преселила „овде“, создава погрешна слика кај читателите дека таа дошла во С. Македонија. Иако, Русинката со своето семејство се доселила во Србија што може да се види во содржинскиот дел на написот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој пренесува вест од Србија, претставувајќи ја како вест од С. Македонија. На тој начин постот ги манипулира читателите.

Постот споделува напис  со наслов:

Ксенија од Русија се преселила овде и вели: Кога ќе им кажам дека сум Русинка ме частеваат

Но, кога ќе го отворите написот, забележувате дека тоа „овде“ нагласено во насловот на текстот, е Србија, а не С. Македонија. И тоа веднаш е видливо во првите две реченица од текстот:

Голем број Руси ги избираат балканските земји за живеење, поточно доаѓаат во Србија, се одлучуваат да ја напуштат родната земја особено по последните случувања таму. Така пред еден месец Ксенија од Русија се преселила во Србија а преку социјалните мрежи објаснува кои се разликите и како ја пречекале тука.

Од текстот може да се забележи дека е преведуван од српски јазик и тоа на Гугл транслејт. Вистиномер го побара оригиналниот текст и истиот го најдовме во српските медиуми. Во него се пренесува искуството на Ксенија, Русинка, која со своето семејство се доселила во Србија.

Интересно е што написот во српските медиуми е објавен во октомври 2022 година, а постот што го анализираме го пренесува два месеца подоцна, во декември 2022 година, претставувајќи го како нов.

Инаку Ксенија на својот Јутјуб канал редовно објавува видеа во кои говори за сличностите и разликите меѓу Србите и Русите и тие се доста вирални.

Очигледно е дека постот што го анализираме, немал за цел да ја информира публиката, туку да ја манипулира, со цел да привлече повеќе кликови. Постот преку насловот на текстот, во кој нагласува дека Ксенија од Русија се преселила „овде“, создава погрешна слика кај читателите дека таа дошла во С. Македонија. Иако, Русинката со своето семејство се доселила во Србија што може да се види во содржинскиот дел на написот. Поради тоа можеме да кажеме дека на постот што го анализираме му недостига контекст.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...