fbpx

На експлицитната фотографија не е германската министерка Бербок

-

Во постот неточно се тврди дека експлицитна фотографија ја прикажува германската министерка Бербок. На експлицитната фотографија е прикажна друга девојка, а оваа невистината објава се користела во поголема кампања со дезинформации насочени кон Бербок уште пред две години, кога таа беше кандидат на Зелената партија да ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

На социјалната мрежа Фесјбук се споделува се експлицитна фотографија за којашто се тврди дека е на  министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок. Но, ова не е точно. На фотографијата не е таа, а ваквите објави се користат како дел од поголема кампања против оваа политичарка.

На објавата што е предмет на оваа рецензија, споделен е колаж од три фотографии. Од десната страна, една под друга се наоѓаат две фотографии од германската министерка за надворешни работи Бербок. Од левата страна има експлицитна фотографија, без облека, од девојка за која се тврди дека е министерката Бербок. Ама тоа не е вистина. На експлицитната фотографија се наоѓа друга девојка, а оваа невистината објава се користела во поголема кампања со дезинформации насочени кон Бербок уште пред две години.

Аналена Баербок, која беше кандидат на Зелената партија да ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар на изборите во септември 2021 година, за време на месеците кои претходеле на изборите била цел на пожестока кампања на социјалните мрежи, пишуваше Гардијан.

Нападот, меѓу другото, вклучувал лажни слики кои ја прикажуваат гола, како и монтирана фотографија на која стои покрај милијардерот финансиер Џорџ Сорос, која била искористена за да се тврди дека е дел од светска еврејска теорија на заговор, предводена од Сорос.

Џем Оздемир, поранешен лидер на партијата на Зелените, а сега експерт за надворешна политика, тогаш изјави дека не е изненаден од кампањата, која тој и другите, вклучително и германските експерти за безбедност, сметаат дека има поддршка од Кремљ.

За да се спречат Зелените да влезат во владата, нема средства коишто Кремљ нема да ги користи. Можам само да ги советувам сите демократи да не учествуваат во валканата кампања на [Владимир] Путин. Германскиот парламент ќе се избира во Германија, а не во Москва, Анкара или Пекинг, изјави тогаш Оздемир за германските медиуми.

За време на предизборната кампања таа станала непријател број еден во десничарските екстремистички кругови – но не само таму, објави германската телевизија Н-ТВ. Како еден од примерите за тоа го посочуваат објавувањето на истата гола фотографија за која се тврди дека е „грешната младост“ на Баербок. Вистинската фотографија, всушност, е објавена на еротски форуми и прикажува руска манекенка. Непознат автор додал наводен цитат од Баербок: „Бев млада и ми требаа парите“, кој таа никогаш не го кажала.

Поради силните напади коишто ги доживеала министерката пред изборите за нов канцелар, таа била ставена и под полициска заштита.

Баербок беше единствената жена во трката за наследник на Ангела Меркел. Сепак, нејзината номинација беше поткопана од самиот почеток кога почна да се соочува со сексистички наводи, кампањи за оцрнување и повеќе негативно покривање од нејзините машки конкуренти, анализира „Алијансата за обезбедување демократија“, непартиска иницијатива дел од Германскиот Маршалов фонд.

Една од добро познатите тактики на малигните актери кои се надоврзуваат на сексистички наративи и несразмерно ги таргетираат жените кандидати е да користат родова дезинформација за да ги заплашат женските кандидати и да ја консолидираат моќта. Ова на крајот може да доведе до нарушено јавно мислење за жените-кандидатки, да ги обесхрабри жените да учествуваат во политички кампањи и да ги замолчи нивните и другите различни гласови. Затоа, овој феномен на поткопување на женските политички кандидати не само што ги зајакнува мизогините и другите штетни практики, туку придонесува и за слабеење на демократиите и нивниот јавен дискурс, пишува во анализата направена за засилените напади кон сегашната министерка.

Според една неодамнешна студија на Институтот за стратешки дијалог, 18 од најсподелуваните објави на Фејсбук за Баербок содржеле лажни информации или теории на заговор, во споредба со само три од најсподелуваните објави за Шолц и ниту една од објавите во врска со Лашет. Овој тренд бил реплициран на Телеграм, каде 43 од најпопуларните објави за Баербок содржеле дезинформации или заговорни наративи, во споредба со само 26 објави за Лашет и 17 од објавите за Шолц.

Нападите составени од родови дезинформации на интернет се добро позната тактика што нелибералните актери ширум светот – вклучително и Русија, Унгарија и Бразил – ја развија за да ги поткопаат нивните противници, анализира невладината Brookings од Вашингтон, САД.

Градејќи сексистички наративи, овие актери ги заплашуваат жените со цел да ги елиминираат критичарите, да ја консолидираат моќта и да ги поткопаат демократските процеси. Ваквите тактики за дезинформација се увезуваат на Запад и се повеќе се усвојуваат и од странските актери и од екстремната десница во Европа, се вели во анализата.

Поради сите наведени факти, можеме да заклучиме дека неточно се тврди дека експлицитна фотографија ја прикажува германската министерка Бербок. Фактички, ова лажно тврдење е дел од поголема кампања против жени политичарки.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...