fbpx

Не е точно дека Украина регрутира 17-годишни деца и дека ја намалила границата на 16 години

-

Нема никакви докази за тврдењата оти Украина испраќа деца на воениот фронт да се борат против Русите. Ваквите тврдења се произволни и неосновани. Законот за воена служба на Украина забранува регрутација на лица под 18 години. Членот 15 од Законот за воена служба на Украина вели дека единствените лица на кои ова се однесува се „Украинските граѓани чиј пол е машки, кои се здрави, наполниле 18 години до денот на започнување на службата и лица кои сè уште немаат 27 години, а кои немаат право на ослободување или одложување“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук неосновано тврди дека Украина ја намалила старосната граница за воена регрутација од 17 на 16 години. Ваквите наводи не се поткрепени со никакви докази и факти, туку се произволни. Нашата проверка покажа дека, не само што Украина не регрутира помлади од 18 години, туку и не е точно дека  ја намалила сатросната граница.

Франс  24 Обсервес, исто така, има дебанкирано вест дека Украина регрутира деца на воениот фронт. Ваквите вести, како што пишува сајтот, обично ги пласираат проруските медиуми и истите се лажни.

Регрутирањето деца во вооружените сили е спротивно на законот во Украина.

Членот 15 од Законот за воена служба на Украина вели дека единствените лица на кои ова се однесува се:

Украинските граѓани чиј пол е машки, кои се здрави, кои наполниле 18 години до денот на започнување на службата и лица кои сè уште немаат 27 години, а кои немаат право на ослободување или одложување.

Нема студии кои би ги документирале и поддржале наводите дека има украински деца кои се борат во првите линии на фронтот.

Франс 24 Обсервес разговарале со Денис Кривошеев, заменик регионален директор задолжен за истражување за Источна Европа и Централна Азија во Амнести Интернешнал.

Амнести интернешнал нема сознанија за документирани случаи на деца војници во украинската армија, изјавил тој.

Проруските профили на социјалните мрежи често шират гласини дека Украина испраќа деца на првата линија на фронтот да се борат против руските војници, пишува Франс 24 Обсервес.

Овие тврдења беа изнесени кога Ендрју Питер Наполитано, поранешен аналитичар на американскиот конзервативен ТВ канал Фокс Њуз, го интервјуираше Даглас Мекгрегор, поранешен американски војник и чест соработник на Фокс.

Макгрегор, за време на интервјуто, тврдеше дека младите Украинци биле собирани во ноќните клубови за да одат да се борат. Сепак, тој не понуди никаков доказ за неговите наводи.

Од сето ова може да се заклучи дека нема никакви докази за тврдењата оти Украина испраќа деца на воениот фронт да се борат против Русите. Ваквите тврдења  се произволни и неосновани. Законот за воена служба на Украина забранува регрутација на лица под 18 години. Според тоа, постот што го рецензираме можеме да го оцениме како невистинит.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...