среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: демант | 80 резултати

МВР: Лицето што го вееше знамето со „голема Албанија“ не е припадник на полицијата

август 18, 2023

На фотографијата обезбедена од полициските службеници е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со случувањата од минатиот петок, кога на собирот во Тетово за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти се вееше вакво знаме. Деновиве на социјалните мрежи се споделуваше фотографија […]

МВР ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за директорот на Бирото за јавна безбедност

јули 11, 2023

Министерството за внатрешни работи (МВР) остро ги отфрли неодамнешните тврдења на опозициската партија, ВМРО ДПМНЕ, означувајќи ги како класични дезинформации. Демантот се однесува на објавите дека директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) отворил компанија за тргување со компјутерска технологија регистрирана на адресата на неговиот дом. Министерството соопшти дека целта на наводите е дискредитација на […]

ДИЦ: Тестовите од државната матура не се пробиени, апелиравме да се почитуваат правилата

јуни 10, 2023

Тестовите од државната матура подготвени од Државниот испитен центар (ДИЦ) не се пробиени, туку прашањата се споделени откако испитот започнал, соопшти попладнево ДИЦ. Нивната реакција следува откако повеќе медиуми денеска објавија оти наводно тестовите по англиски јазик од испитот на зрелоста биле „пробиени“ и споделени во групи на апликацијата Вибер. „Должност и обврска на ДИЦ […]

На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија

мај 21, 2023

Агенцијата за храна и ветеринарство, овластен државен орган задолжен за контрола на храната која се увезува на граничните премини, вклучително и овошјето и зеленчукот, тврди дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ваков таканаречен увоз не е можен и не бил извршен. Освен ова, Вистиномер провери и во здравствена установа од каде добивме потврда дека […]

Скопски Водовод демантира: Цената за вода во Скопје нема да се зголеми

февруари 24, 2023

ЈП Водовод и канализација Скопје ја демантира веста дека е можно да се зголеми цената на водата во Скопје. „Во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, […]

Нема да има бугарска полиција, Спасовски апелира на смиреност по повод чествувањето на 4 февруари

февруари 3, 2023

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓање на Гоце Делчев. Тој вели дека мора да се деескалира состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакале да ја влошат. Спасовски е дециден дека МВР нема да дозволи никаков инцидент или понижување на македонскиот народ […]

Професорот Пановски не рекламира никаков лек против паразити

декември 10, 2022

Не е првпат на социјалните мрежи да се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Овојпат на мета е познатиот македонски епидемиолог д-р Пановски кој очигледно нема никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на […]

Асошиејтед Прес објави дека Лавров завршил в болница на Бали, за Москва ова е „врв на лагите“

ноември 14, 2022

Меѓународната новинска агенција Асошиејтед Прес, повикувајќи се на индонезиските власти, објави утрово дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров завршил в болница на индонезискиот остров Бали по пристигнувањето на самитот на Групата 20. Агенцијата нагласи дека тројца владини и медицински функционери од Индонезија потврдиле дека рускиот министер е на лекување на Бали, но Русија […]

Фотомонтажа: Канал 5 не објавиле дека ДУИ бара во ,,Светот на Биби” ликот на Боби да биде Албанец

октомври 28, 2022

Не е вистина дека Канал 5 објавиле медиумска содржина во која се вели дека ДУИ бара во „Светот на Биби“ ликот на Боби да биде Албанец и да зборува албански јазик. Некој ја фотомонтирал оваа дезинформација на темплејт од веб-страницата на Канал 5, со цел да дезинформира што поголем број на луѓе на сметка на […]

ГОБ „8 Септември“: Немавме поплава во Одделот за неврологија, имавме мал дефект на водоводната цевка

септември 19, 2022

Најодговорно ги демантираме гласините за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија, пишува во демантот испратен од раководството на Градската општа болница „8 Септември“, откако беше објавено дека се случила поплава во интензивниот оддел на неврологија. „Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка. Одделот за неврологија функционира непречено, […]

Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои е опфатена Владата

септември 6, 2022

Државниот завод за ревизија (ДЗР) реагираше на наводот од Антикорупциска комисија изнесен во дневникот на МРТ 1 вчера, дека Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ. Од ДЗР наведуваат дека во изминатите 13 години се извршени низа ревизии што го опфаќаат работењето на Владата. Исто така согласно Годишната програма за работа […]

КАРИЛ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Невремето не ја поплави клиниката

септември 4, 2022

Поплавите по невремето во Скопје на 30 август не ја поплавија Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, туку предизвикаа дефект во дел од инсталациите, соопштија од Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ. Тие ги демантираат објавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за состојбата на оваа Јавна здравствена установа. Додаваат дека не е точно оти пациентите кои се згрижени на […]

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје само себе си се демантира

август 4, 2022

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје испрати демант на веста со наслов: „’Градски паркинг’ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места“, која што ја објави новинската агенција Мета на 1 август годинава на следниов линк: https://meta.mk/gradski-parking-lani-izdal-nad-15-000-novi-besplatni-dozvoli-za-parkiranje-a-otvoril-samo-38-parking-mesta-infografik/. Од ова скопско јавно претпријатие обвинуваат дека новинската агенција Мета намерно спинува […]

Студентка на Факултетот за дизајн демантира дека професорката им барала да купат книги за да добијат потпис за редовност

јули 1, 2022

Откако „Мета.мк“ објави за случајот во кој студенти обвинија професорка на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер (ФДТМЕ) на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ – Скопје дека им барала задолжително купување на книги за да може да им даде потпис за редовност, студентка од овој факултет испрати анонимна порака до нашата редакција […]

Демант на дезинформациите во медиумите по повод рецензијата на Вистиномер за финансирањето на извидничкиот камп Sex Scouts and Rock’n’Roll

октомври 10, 2021

„Вистиномер“ објави демант на нападите и дезинформациите, коишто беа објавени во некои медиуми. „Мета“ го пренесува демантот интегрално: Деновиве во јавноста се појавија написи и други видови реакции кои содржат дезинформации за работата на Вистиномер, како и содржини на социјалните мрежи во кои, покрај дезинформации, има и пцости, други навреди, клевети и закани против порталот […]

Вистиномер: Лага е дека австралиските деца позитивни на ковид-19 се одвојуваат од родителите

септември 3, 2021

Во продолжение ја пренесуваме рецензијата на „Вистиномер“ на објава на Фејсбук што дезинформира дека во Австралија децата позитивни на ковид-19 насила се одвојуваат од родителите: Рецензираме пост на Фејсбук кој е прилично вирален на социјалните мрежи. Станува збор за видео од Австралија за кое се тврди дека прикажува како полицијата насила одзема дете од таткото, […]

МОН: Лажни вести и фотографии се шират за сексуалното образование, граѓаните да следат официјални известувања од МОН и БРО

јули 17, 2021

Министерството за образование и наука демантира каква било поврзаност на фотографиите и содржините кои деновиве кружат на социјалните мрежи, со сеопфатното сексуално образование. „Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интензивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани […]

МЗ апелира медиумите да не шират непроверени тези за неефикасноста на „Синовак“

јули 6, 2021

Министерството за здравство реагира на дел од објави и пренесени ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ не штити од делта сојот како и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина. „Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува. Апелираме медиумите да не […]

Демант на Вистиномер против дезинформациите кои Јанко Бачев ги шири на социјалната мрежа Фејсбук

март 25, 2021

Демантот на Вистиномер го пренесуваме во целост: Редакцијата на порталот Вистиномер ги демантира наводите на претседателот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој во изминативе денови и недели упорно ја дезинформира јавноста, велејќи дека бил „на силен удар и блокада“ од нашата редакција, при што додава и „нема жалење, нека блокираат и филтрираат за […]

ДЕМАНТ на објавата на ЗНМ и ССНМ во однос на постапувањето на Фондацијата Метаморфозис во регулирање на работните односи

март 5, 2021

Фондацијата Метаморфозис најостро реагира на соопштението на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) кои без да побараат информација од нас, еднострано, брзоплето и без валидни аргументи јавно ја осудуваат Фондацијата Метаморфозис во врска со отпуштањето на г-ца Мемети. Дополнително, без докази и без причина инсинуираат, манипулираат […]

Страна 1 од 4