fbpx

Нема да има бугарска полиција, Спасовски апелира на смиреност по повод чествувањето на 4 февруари

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓање на Гоце Делчев. Тој вели дека мора да се деескалира состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакале да ја влошат.

Спасовски е дециден дека МВР нема да дозволи никаков инцидент или понижување на македонскиот народ и држава.

„Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме“, вели Спасовски во апелот.

Спасовски упати порака да се напушти реториката од разни „патриотски институти“ за тоа што можат да направат, но и до граѓаните да не подлегнуваат на повици од кои било политички субјекти.

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера ги демантираше, како што велат, лагите дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и бугарски полицајци. Од МВР рекоа дека македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку за сите настани и пригоди.

„Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема, што за еден новинар, кој без да праша, а притоа пласира небулози криејќи се зад потписот „Администратор“ е недозволиво и срамно“, стои во демантот на МВР.

Министерството реагира дека со изнесувањето на овие дезинформации, се доведуваат во заблуда граѓаните и побараа повлекување на вестите кои тоа го тврдат на порталите кои објавуваат без да ги проверат фактите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...