fbpx
Таг: бомби

таг: бомби

Судот си ја брани одлуката за „бомбите“ на опозицијата

По дилемата што се отвори во медиумите и во експертската јавност околу прашањето дали судијата на претходна постапка смеел да интервенира и да ги прогласи за неважечки снимките од „бомбите“ на опозицијата како докази додека предметите се сè уште во преистражна постапка во Обвинителството, од Основниот суд Скопје 1 велат дека одлуката на судијата е законска и во оваа фаза од...

Амбасада на САД: Владата и партиите да не му ставаат сопки на специјалниот обвинител

Ги повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат какви било дејства што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со целосна автономија, како што е предвидено во договорите од 2 јуни и од 15 јули, стои во денешното соопштение на Амбсадата на Соединетите Американски Држави (САД), откако Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека донел одлука да...

Коцијанчич: ЕК не коментира првостепени судски одлуки

Европската комисија очекува сите судски процедури во земјата да бидат спроведени со целосно почитување на принципите на националното, како и на меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска практика во согласност со Европската конвенција за човекови права, изјави за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан. Коцијанчич, сепак, не сакаше да ја коментира вчерашната одлука на Основниот суд Скопје -1,...

Судот ги прогласи за неважечки снимките и доказите од „бомбите“

Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое ги прогласи за неважечки доказите, односно аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протоѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски - затоа што биле незаконски прибавени. Судијата кој ја донел оваа одлука се повикува...

Полицијата во Истанбул предупредува за можни напади во градот

Дирекцијата на полицијата во Истанбул испратила писмен документ до сите единици со предупредување за можни напади во градот, објави „Тудејс заман“. Предупредувањето се однесува за места каде се собираат голем број луѓе, поточно за главните автобуски и метро-рути низ градот. Турција почна големи антитерористички акции во петокот против повеќе илегални групи, вклучувајќи ја Исламската држава и Курдската работничка партија. Акциите почнаа откако напаѓач-самоубиец, за...

Димовски: Обвинителството и судовите се независни

„Вчерашната средба на работната група е, ако не се лажам, седма по ред. На претходните, членовите на СДСМ или ќе дојдеа и веднаш ќе си заминеа или воопшто не доаѓаа. Причината поради која не се известува јавноста за тие средби е да има поголем квалитет на средбата“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, објави „Плусинфо“. Запрашан како...

Шекеринска: Во соопштението на Обвинителстото недостига само едно име – она на Никола Груевски

Од известувањето на Oбвинителство се гледа дека тоа немало ниту намера чесно и независно да ги истражува објавените криминали, изјави Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање. - Можете да забележите многу имиња во соопштението, луѓе кои разговарале, луѓе чиј криминал бил покажан со снимките, ама едно име многу чудно недостига, тоа е името на Никола Груевски. Кога...

Обвинителството се јави со детали од истрагата за „бомбите“

Јавното обвинителство денеска, како реакција на наводите дека постапува селективно или воопшто не постапува по предметите од „бомбите“ што изминатите неколу месеци ги објавуваше опозцијата, во поопширно соопштение информира за текот на истрагата, односно дека „ги преземат сите потребни дејства за да се утврди постоењето на елементи на сторено кривично дело и да се лоцира евентуалната кривична одговорност“. Оттаму велат...

Претседателот на ГРЕКО за „бомбите“: Конечната одлука треба да ja донесе независен суд

Судовите самите треба да ја испитаат и да се справат со содржината од опозициските „бомби“, особено со тие што се однесуваат на назначувањето судии, изјавил претседателот на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска, Марин Мрчела, кој учествува на меѓународна конференција на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува...

Почна интерната истрага за аферата „Прислушување“ во „Македонски телеком“

Внатрешната истрага во „Македонски телеком“, која нејзината фирма-мајка „Маѓар телеком“ ја најави пред неколку месеци, во врска со наводите за вмешаност на комуникацискиот оператор во аферата „Прислушување“, е почната и се спроведува со поддршка на надворешни експерти, велат за „Мета“ од „Маѓар телеком“. Во дописот, како одговор на прашањето дали е спроведена истрагата, од унгарската фирма, која е мнозински акционер...

Претседателот на Антикорупциска вторпат си замина од прес-конференција

Откако е претседател на Антикорупциска комисија, Горан Миленков вторпат одбива да одговори на новинарски прашања. Денеска тој си замина од прес-конференцијата што сам ја закажа, додека новинарите го повикуваа да се врати бидејќи имаат уште прашања. Денеска Миленков одби да одговори на новинарски прашања за тоа дали ќе постапат и што ќе преземат во врска со откриените наводи за криминални злоупотреби...

„Граѓаните за Македонија“ утре на протест пред зградата на премиерот Груевски

В четврток, во 18 часот, коалицијата „Граѓаните за Македонија“ ги повикува граѓаните на протест пред зградата каде што живее премиерот Никола Груевски. „Ги потсетуваме граѓаните и овојпат со себе да носат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети кои создаваат бучава, за Груевски да слушне и конечно да разбере дека мора да си оди. Ние, граѓаните, громогласно...

МЦЕО: Повеќе од половина граѓани веруваат дека „бомбите“ се вистински

Граѓаните сè повеќе веруваат дека аудиоснимките што ги објавува опозицијата се автентични, велат од Македонски центар за европско образование, кои своите тврдења ги темелат на анкетно истражување, објави „А1 он“. Според нивните резултати, 96 отсто од граѓаните слушнале за аферата „Прислушување“, а 88 отсто од граѓаните лично слушнале некоја од снимките што ги објавува опозицијата. Од МЦЕО велат дека ова е изненадувачки резултат,...

ДЗЛП: Досега не сме добиле претставка за „бомбите“

На конференцијата што денеска се одржа по повод десетгодишнина од основањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, директорот Димитар Ѓеорѓиевски, одговарајќи на прашање за тоа како ДЗЛП се поставила во случајот со прислушуваните разговори на опозицијата, рекол дека досега врз основа на објавените „бомби“ нема добиено ниту една претставка. - Јас веќе кажав дека досега во директен однос на објавените „бомби“...

СДСМ ќе продолжи со објавување „бомби“

Социјалдемократскот сојуз на Македонија (СДСМ) ќе продолжи со објавувањето прислушувани разговори, по неуспехот на  преговорите во Брисел за решавање на политичката криза, објави телевизијата „Алсат-М“, повикувајќи се на извори од партијата. Извори од СДСМ за „Алсат-М“ рекле дека неважечки ќе бидат и другите точки вклучени во документот од 2 јуни, со кои СДСМ се обврзува да се врати во Собранието, односно...

Затишје пред бура во политичкиот живот во Македонија?

Бомби, протести, апсења, полициска акција во Куманово, оставки, митинзи, поставување кампови, лидерски средби, преговори во Брисел... Изминавите неколку недели беа полни со политички случувања. Сè се случуваше со огромна брзина и наеднаш запре и замре. Опозицискиот СДСМ ги стави на пауза „бомбите“. Граѓанското движење „Протестирам“ веќе неколку дена не одржува протести, туку состаноци на Школка во Градки парк. Преговорите во Брисел меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ...

Од денеска „бомбите“ на СДСМ се на пауза

„Бомбите“ што веќе неколку месеци ги објавува опозицијата, од денеска ќе бидат на пауза, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Како што кажа, причината за паузата е големиот граѓански митинг што треба да почне утре, во 14 часот, пред објектот на Владата. - Со објавувањето на овие разговори почнува пауза на „бомбите“. Ние сè уште имаме разговори за објавување и...

СДСМ: Кога ќе дојдеме на власт, ќе ја вратиме контролата врз УБК и МВР

„Она што се наши барања, како опозиција, ќе бидат наши решенија како власт“, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашање на „Мета“ за тоа како планираат да бидат поинакви и што ќе промени сегашната опозиција во делот на контролата на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кога ќе дојде на власт. Вчера, лидерот на опозицијата, Зоран Заев,...

Седум политичко-инфарктни дена

Последнава недела настаните во Македонија како да добија на честота и на тежина. За кусо време имавме толку сериозни и битни случки за кои некогаш се потребни и месеци. Кога, пак, настаните ќе се наредат еден по друг, даваат малку поинаков поглед на нештата и отвораат низа прашања за нивната евентуална причинско-последична поврзаност. Еве ги настаните од понеделник до понеделник: Понеделник, 20 април Поранешниот претседател на...

Јанкулоска: МВР не врши директен пренос од постапките што ги води

„Ние не вршиме директен пренос на постапките што ги водиме. Тогаш кога ќе имаме нешто да ѝ соопштиме на јавноста, ќе го направиме тоа на транспарентен начин“, гласеше одговорот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прашање на „Мета“ до каде е кривичната пријава за оддавање државна тајна, што МВР најави дека ќе ја поднесе против лидерот на...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...