fbpx

МЦЕО: Повеќе од половина граѓани веруваат дека „бомбите“ се вистински

-

Граѓаните сè повеќе веруваат дека аудиоснимките што ги објавува опозицијата се автентични, велат од Македонски центар за европско образование, кои своите тврдења ги темелат на анкетно истражување, објави „А1 он“.

Според нивните резултати, 96 отсто од граѓаните слушнале за аферата „Прислушување“, а 88 отсто од граѓаните лично слушнале некоја од снимките што ги објавува опозицијата.

Од МЦЕО велат дека ова е изненадувачки резултат, со оглед на тоа што поголемиот број медиуми не ги објавуваат снимените разговори.

– Изненадува моментот што антивладиниот наратив опаѓа и во руралните и во урбаните средини еднакво. Тоа е најдобар показател дека луѓето следат што се случува и се обидуваат да се информираат – вели Андреја Стојковски.

Бојан Баричиќ вели дека зголемената граѓанска свест може да се препознае поради тоа што, според анкетата, 41 отсто од граѓаните сметат дека снимките се направени од македонската тајна полиција, додека 22 отсто веруваат дека снимките се направени од странски служби. Повеќе од половина од граѓаните, односно 52 отсто, сметаат дека содржината на снимките е вистинита, а 19 отсто веруваат дека снимките се монтирани, сечени и прелепувани.

– Мнозинството од граѓаните не го прифаќаат наративот на власта иако медиумскиот простор е доминантно преземен од власта. Позитивно нè изненади овој факт затоа што првпат поголем број граѓани се издигнуваат над пропагандата. Се појавува граѓанската свест која не можевме да ја препознаеме – вели Маричиќ.

Повеќе од половина, односно 52 проценти, сметаат дека содржината на разговорите е поважна од тоа кој прислушувал, за решавање на политичката криза. Од друга страна, 21 отсто сметаат дека е важно кој ги создал снимките.

Наративот на власта е во опаѓање ако ги имаме предвид претходните статистики, велат од МЦЕО.

Албанците убедливо веруваат во антивладиниот наратив, велат од МЦЕО, па 73 отсто од нив сметаат дека е поважна содржината на снимките отколку кој ги правел, наспроти 47 отсто од Македонците, кои сметаат дека поважна е содржината од изворот на снимените разговори.

Истражувањето е правено во период од 4 до 13 јуни, по пат на телефонски интервјуа, а врз 1.201 испитаник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...