fbpx
Таг: бомби

таг: бомби

Коцијанчич: Законот е повлечен, а партиите побргу да се согласат за изборните реформи

Европската комисија денеска им порача на политичките партии во Македонија што поскоро да постигнат договор за изборниот закон. - Комисијата го разбира фактот дека партиите не успеале да постигнат договор за изборните реформи, но разговорите ќе продолжат денеска. Комисијата одблизу ќе го следи развојот на настаните и очекува партиите да постигнат договор што е можно поскоро – изјави Маја Коцијанчич...

Орав: Преговорите продолжуваат, напредок има

Евроамбасадорот Аиво Орав денеска пред Клубот на пратеници изјави дека во работните групи било договорено двата закони, за свиркачите и за необјавување на „бомбите“, да се вратат на доработка. - Преговорите продолжуваат, напредок има и очекувам до вечерва да биде постигнат договор - изјави Орав. Во Клубот на пратеници моментно се договараат изборните закони.

Џафери: Без моја согласност не може да се повлече законот

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска во Собранието се сретна со подносителот на спорниот закон од ДУИ, Талат Џафери, со намера да издејствува повлекување на спорниот предлог. - Во работните групи ќе се одлучува што ќе се прави со законот, но без моја согласност не може да се повлече - изјави Џафери. Ван Хојте исто така за подоцна најави изјава. Од таа средба...

Милошоски: Законот во мирување, СДСМ ги кочи преговорите

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција во Собранието, рече дека попладнево ќе продолжат преговорите на работните групи. Тој вели дека преговорите се прилично напорни и дека има многу различни позиции, по различни прашања, а тоа што ги прави посложени се одредени стојалишта на некои политички партии кои многу често се менуваат. На пример, како што посочи Милошоски, во текот...

Мукоски: Во СДСМ функционираат како пишман-аџии

Потпретседателката на Собранието, Рената Треневска-Десковска од СДСМ, на денешната пленарна седница рече дека типичен производ на режим е вчерашниот закон за забрана на објавување на „бомбите“, кој бил потпишан од еден координатор и од еден заменик-координатор. Одговарајќи на обвинувањата, пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е еден од подносителите на законот, рече дека тој е задоволен од предлогот и стои зад...

Заев: Џафери бесрамно лаже, се преговараше за закон, но не за ваков

„Законското решение со кое се забранува објавување на „бомбите“ е катастрофа, цензура! Како што реагираа некои од граѓаните вчера, ова е непостоечко дури и во најјаките режими“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната дебата за предлог-програмата наречена „Визијата за Македонија“. Според него, на преговорите се разговарало и за оваа материја да биде регулирана со закон, од причина што...

ЗНМ: Итно да се повлече законот кој воведува цензура

Здружението на новинарите силно го осудува обидот за воведување на цензура преку предлог законот за забрана на објавување и поседување на прислушуваните материјали, што во Собранието вчера попладне го поднесоа пратениците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и бара итно повлекување од парламентарна процедура. Оттаму велат дека со овој скандалозен предлог наместо очекуваното подобрување на слободата на изразување и независноста на...

Преговорите на партиите продолжуваат, законот за „бомбите“ виси

По вчерашните преговори на работните групи, кои траеле до утринава, до 5 часот, денеска, во 14 часот, повторно продолжуваат средбите на претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Како што дознаваме, вчера целата енергија била насочена на предложениот закон за забрана на објавување на прислушуваните разговори, а малку време партиите имале за дебата околу изборните закони. Изворите од работните...

ДС: Законот за мораториум на „бомбите“ е атентат врз демократијата

Обидот за донесување закон за забрана за објавување материјали од прислушуваните разговори за Демократскиот сојуз е „атентат“ врз демократијата и врз слободата на говорот, стои во соопштението на партијата на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов. „Демократскиот сојуз најенергично протестира против обидот за донесување закон за забрана на објавување материјали од прислушувани разговори. Демократскиот сојуз смета дека ова е атентат врз демократијата...

Нема договор за изборниот пакет во предвидениот рок

Нема договор од синоќешната средба на работните групи за изборните закони, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. И покрај напорите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, ниту една страна од преговарачките тимови не сакала да попушти за законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали.

Најавен протест против законот за забрана на „бомбите“

Граѓанското движење „Ајде!“ вечерва на социјалната мрежа „Фејсбук“ најави протест поради предлог-законот за забрана на објавувањето на „бомбите“ на опозицијата. Со слоганите „Стоп за цензурата!“, „Не ги даваме бомбите!“, „Не ја даваме вистината!“, „Стоп за фашистички закони!“ „Нема да ви помине!“, движењето ги повика граѓаните утре во 18 часот да се приклучат на протестот насловен „Цензурата е забранета! Вистината ја...

Законот против „бомбите“ веќе е на второ читање!

Предлог-законот за забрана на „бомбите“ на опозицијата на веб-страницата на Собранието осамна веднаш на второ читање, иако денеска штотуку беше најавен. Од Собранието ни соопштија дека законот се носи по скратена постапка и поради тоа е прескокнато првото читање и директно се оди во комисиите и на второ читање. Доколку законот не помине на комисиските расправи, тој може и да не се појави...

СДСМ ќе ги напушти преговорите ако се усвои законот за забрана на „бомбите“

Доколку законот за забрана за објавување на „бомбите“ биде изгласан во Собранието, СДСМ ќе ги напушти преговорите, дознава „Мета“ од извори од преговарачкиот процес. Моментално, преговарачите од политичките партии на работните групи се на пауза, а олеснувачот Питер ван Хојте, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и шефот на Мисијата на ЕУ во Скопје, Аиво Орав, одржуваат билатерални средби со политичките...

Трајановски: Смешен и проѕирен обид да се амнестираат

За експертот за човекови права Жарко Трајановски, законот со кој се предвидува забрана за објавување на „бомбите“ е смешен и проѕирен обид на криминалната банда да воведе цензура и да се амнестира себеси. - Истата банда која е одговорна за незаконитото масовно прислушување на илјадници луѓе, кои во 2010 година законски му овозможија на УБК да има директен линк до телекомуникациските...

Најчевска за законот за „бомбите“: Поголема глупост не сум видела

Според професорката Мирјана Најчевска, законот со кој се предвидува забрана за објавување на „бомбите“ е голема глупост. - Поголема глупост не сум слушнала во животот. Секогаш кога мислам дека сум ги видела сите глупости на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните другарчиња од ДУИ, тие пријатно ќе ме изненадат и ќе одвалат уште поголема и повесела зеленушкава глупост. Ова е исто како да...

Од четири до десет години затвор за објавување на „бомбите“, предвидува законот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ

Затворски казни од четири, пет, осум и од десет години се предвидени за објавување на аудиоснимки и на транскрипти од прислушуваните разговори. Со законот што денеска на прес-конференција го најави координаторот на ДУИ, Талат Џафери, а се однесува на прислушуваните разговори, се утврдува забраната за поседување, обработка, јавно објавување преку медиуми, социјални мрежи, веб-портали и во која било друга форма...

Специјалната обвинителка го состави својот тим, чека амин од Советот на обвинители

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска на прес-конференција соопштила дека го составила тимот на јавни обвинители што ќе ѝ помагаат во решавањето на наводите од содржината на снимките од „бомбите“ на опозицијата, јавува „Нова ТВ“. Јанева соопштила дека до Советот на јавни обвинители ќе ги предложи имињата на 14 обвинители кои ќе бидат дел од нејзиниот тим во Специјалното обвинителство. Како што...

Британска амбасада: За прислушуваните разговори е потребна целосна истрага

Наводите што произлегоа од прислушуваните разговори се многу сериозни и за нив треба да се спроведе целосна и транспарентна истрага. Ова е ставот на Амбасадата на Обединетото кралство за одлуката на Основниот суд 1 да ги издвои прислушуваните разговори како докази. Амбасадорот не би можел да коментира детали од судската одлука, но вели дека истрага мора да има, а за неа...

Странците му се најверниот сојузник на специјалниот обвинител

Расправата што овие три дена ја водат дел од правните експерти, опозицијата и Основниот суд Скопје 1 околу законитоста на суспендирањето на снимките од „бомбите“ на опозицијата како доказен материјал, во „жижата“ на мегданот, за момент, ги фрли и медиумите. Основниот суд Скопје 1 завчера испрати соопштение во кое ја брани одлуката на судијата на претходна постапка, но не испушти да...

Обвинителството поднесе жалби на одлуката за суспендирање на „бомбите“

Основното јавно обвинителство, до истекот на предвидениот рок, поднесе жалби на одлуката на судијата на предходна постапка да ги суспендира, односно да ги прогласи за неважечки како докази снимките од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Од Основниот суд Скопје 1 денеска соопштија дека Основното јавно обвинителство обжалило „вкупо 21 решение на судијата на претходна постапка кој одлучуваше по однос...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...