fbpx

ЗНМ: Итно да се повлече законот кој воведува цензура

-

Здружението на новинарите силно го осудува обидот за воведување на цензура преку предлог законот за забрана на објавување и поседување на прислушуваните материјали, што во Собранието вчера попладне го поднесоа пратениците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и бара итно повлекување од парламентарна процедура. Оттаму велат дека со овој скандалозен предлог наместо очекуваното подобрување на слободата на изразување и независноста на медиумите, власта се обидува да ја елиминира слободата на говор и да им наметне на новинарите и медиумите за што смеат, а за што не смеат да ја информираат јавноста.

„Ваквиот непримерен законски предлог го прекршува Уставот кој во членот 16 изречно вели дека цензурата е забранета. Освен тоа, Европската конвенцијата за човекови слободи и права, која Македонија се има обврзано да ја почитува, недвосмислено ја штити слободата на изразување. Потсетуваме дека новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс во кој јасно стои дека новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес“, се вели во соопштението.

ЗНМ ги повикува политичките партии да престанат да се занимаваат со работи кои може да нанесат дополнителна штета на и онака неповолната состојба во која се наоѓаат новинарите и медиумите.

Бараме партиите да се посветат на системско решавање на проблемите на кои постојано укажуваме: стоп за насилството врз новинарите и откривање на сторителите на сите нерешени случаи на напади, забрана на владините кампањи и политичкото рекламирање во приватните медиуми, департизација на МРТ и на регулаторното тело за медиуми и повлекување на тужбите за клевета и навреда против новинарите од носители на функции, кои треба да имаат европски праг на толеранција како и запирање на процеси каде се тужат новинари против новинари“, стои во соопштението на ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...