fbpx

ДС: Законот за мораториум на „бомбите“ е атентат врз демократијата

-

Обидот за донесување закон за забрана за објавување материјали од прислушуваните разговори за Демократскиот сојуз е „атентат“ врз демократијата и врз слободата на говорот, стои во соопштението на партијата на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов.

„Демократскиот сојуз најенергично протестира против обидот за донесување закон за забрана на објавување материјали од прислушувани разговори. Демократскиот сојуз смета дека ова е атентат врз демократијата и слободата на говорот. Масовното кршење на човековите права со неовластено прислушување, како и тешките обиди на организиран криминал, не смеат и не можат да бидат предмет на законска заштита. За криминалот треба да се понесе кривична одговорност. Криминалот не може да биде вредносна категорија, тоа е зло кое ја разорува државата и со тоа зло мораме да се справиме“, велат од Демократскиот сојуз.

Оттаму нагласуваат дека партијата ќе ги искористи сите демократски средства за да го спречи донесувањето на законот и ги повикува сите пратеници „да го кренат гласот на разумот и да го сочуваат дигнитетот на Собранието и на државата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...